По повод премиерата на новиот филм „Пепелашка“, Дизни ангажира девет луксузни модни куќи да креираат модерна верзија на стаклените чевлички. Погледнете ги фотографиите.
Колоритни, романтични, авантуристички, егзотични, но пред сè женствени – тоа се трендовите кај обувките кои ќе ја одбележат започнатата сончева сезона. Фрлете поглед на најжешките трендови благодарение на кои ќе зачекорите со стил во сезоната пролет/лето 2012.
Брајан Етвуд ја истури својата креативност во уште една колекција обувки која се карактеризира со модернистички гламур и препознатливост. Погледнете ја колекцијата тука.
Црни салонки, крем чевли со отворени прсти, црни високи урбани чизми, платнени патики, балетанки, ниски сандали... Прочитајте кои 10 типа обувки ѝ се потребни на секоја жена според списанието Glamour.
Колекцијата на Криси Морис за сезоната есен/зима 2011 вклучува луксузни обувки кои следат елегантни силуети. Судирот на текстури во секој од моделите и интересните детали делуваат футуристички и релевантно. Погледнете ги фотографиите.
Змиска кожа, гломазни и откачени обувки, чизми до над колена, блескави обувки, тенка штикла... Прочитајте кои се најактуелните модни тенденции кај обувките кои ќе станат исто толку доминантни на улиците колку што беа и на модните писти.
Колекцијата на Брајан Етвуд за сезоната есен/зима 2011 може да се нарече истовремено и елегантна и егзотична и рок. Мешајќи различни стилови, познатиот дизајнер создаде една современа и впечатлива колекција исполнета со животински принтови и бодликави детали. Погледнете ги фотографиите.
Најновата колекција обувки на Дона Каран е елегантен микс на класичните модели чевли со модифицирани чевли тип „Мери Џејн“ и чизмички до под глуждовите, финиширани со сатенски, крзнени, „змиски“ или „крокодилски“ материјали, а едноставноста се протнува и кај чантите. Погледнете ги фотографиите.
На првиот кат на престижната лондонска стоковна куќа „Хародс“ утре ќе бидат претставени некои од најубавите чевли на некои од најдобрите дизајнери на обувки во светот. Погледнете дел од нив.
Сајтот UpperStreet.com им нуди можност на сите обожавателки на високите потпетици да си креираат свој оригинален пар обувки, кои ќе можат и да си ги порачаат. Прочитајте повеќе.
Кога сакаат да го привлечат вниманието на мажите, милиони жени низ светот избираат да носат високи потпетици, наместо удобни ниски чевли. Но, англиски научници тврдат дека жените попусто ги мачат своите нозе, затоа што мажите воопшто не забележувале дали жената носи високи потпетици или не.