Вчера вечерта се одржа 17-тото по ред доделување на европските музички награди на MTV. Водителката Ева Лонгорија за време на церемонијата успеа да се преслече дури 10 пати, а со секоја нова облека имаше и нова фризура. Лејди Гага освои 3 награди, а Џастин Бибер 2. Прочитајте повеќе овде.
Ексцентричната пејачка Лејди Гага постави нов YouTube рекорд. Таа го победи Џастин Бибер во трката за достигнување на 1 милијарда посети на YouTube и стана првата личност во светот која успеала да добие толкава гледаност на своите видеа.
Вчера вечерта се одржа свечената манифестација по повод доделувањето на MTV Видео музичките награди. Можеби очекувано, апсолутен победник на вечерта беше Лејди Гага, која меѓу многуте награди ја освои и најважната – наградата за Видео на годината.
Најчесто Лејди Гага ги изненадува своите обожаватели со оригинални модни комбинации, но на концертот во Минесота, Гага ја изненадила својата публика со нова песна која треба да се појави на нејзиниот нареден албум. Песната „Living On The Radio“ е прекрасна балада. Погледнете ја изведбата на Лејди Гага.
Популарноста на Лејди Гага како да нема граници. Екстравагантната пејачка постави уште еден рекорд – доби рекорден број на номинации за MTV видео музичките награди.
Лејди Гага стана првата жива личност што успеала да достигне 10 милиони обожаватели на Facebook, надминувајќи го бројот на обожаватели на американскиот претседател Барак Обама и актерот Вин Дизел.
Лејди Гага позираше како маж за фотографот Ник Најт. Фотографиите на кои е прикажана Гага во машка облека треба да се појават во септемвриското издание на Vogue Hommes во Јапонија. Погледнете ги.
„Форбс“ ја објави овогодишната листа на најмоќните личности од светот на шоу-бизнисот. Опра Винфри, Бијонсе, Лејди Гага, Бритни Спирс и Џејмс Камерон се во првите 10. Погледнете кој друг успеа да си обезбеди место на листата.
Навистина Гага многупати успеваше да ја победи гравитацијата со нејзините нестандардни обувки, но тоа не било случај вчера на аеродромот Хитроу во Лондон. Ексцентричната пејачка изгубила рамнотежа и се спружила на земјата поради енормно високите чизми.
Вчера беше премиерата на најновиот спот на Лејди Гага за песната „Alejandro“. Останувајќи доследна на својот стил, Гага и овој пат сними контроверзни сцени. Погледнете го спотот што покажува 8 минути и 34 секунди од лудиот свет на Гага.
24-годишната мега-популарна пејачка, којашто отворено признава дека е бисексуална, воопшто не се воздржувала пред папараците и релаксирано уживала во прегратките на непозната бринета на јахта во Сен Тропе.