За сезоната пролет/лето 2017, Кристијан се позабавува со колоритни нитни и леопардски принт, а силуетата на одредени чевли ја збогати со „крилја“ инспирирани од рајски птици.
Кристијан Лобутин е магионичарот кој точно знае во какви обувки копнеат да чекорат дамите. Францускиот дизајнер и со актуелната колекција освојува и продира во женските фантазии.