Од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари споделија што се препорачува да направите пред излегување и по враќање во домот за да го минимизирате ризикот од заразување со новиот коронавирус.
Во изминатото деноноќие во нашата држава се регистрирани 18 нови случаи со коронавирус. Со тоа вкупната бројка на заболени со КОВИД-19 се искачи на 219.
Најмладиот пациент е 2-годишно детенце, најстариот има 91 година, најмногу заразени се од возрасната група 30-39 години... Ова е само дел од статистиката за коронавирусот во нашата држава.