ВИДЕО: Принцовите Џорџ и Луи и принцезата Шарлот им аплаудираат на медицинските лица кои се во првиот ред во борбата со коронавирусот
Велика Британија им се заблагодарува на медицинските лица кои се во првите линии на борбата со новиот коронавирус.
И најмалите членови на британското кралско семејство се приклучија во акцијата за поддршка.
Трите дечиња на принцот Вилијам и војвотката Кетрин ентузијастички ракоплескаат во новото видео споделено од Кенсингтонската палата.
Принцовите Џорџ и Луи и принцезата Шарлот радосно аплаудираат за докторите, медицинските сестри и сите здравствени работници кои се обидуваат да нè извлечат од кризата.
Вчера беше објавено дека принцот Чарлс е позитивен на коронавирус и е во изолација.