• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Коронавирусот во Македонија низ бројки: Најмладиот пациент е дете на 2 години, вкупно се направени 1.236 тестови...

24 март 2020, 21:55
  • cподели

Најмладиот пациент е 2-годишно детенце, најстариот има 91 година, најмногу заразени се од возрасната група 30-39 години... Ова е само дел од статистиката за коронавирусот во нашата држава.

Секој од нас будно ја следи здравствената криза и ги анализира информациите. Па, што велат официјалните податоци на Институтот за јавно здравје досега?

Коронавирусот во Македонија

Статистика за вкупниот број заболени

Во нашата земја потврдени се вкупно 148 случаи на коронавирус.

Возраст: Најмладиот пациент е 2-годишно детенце, а највозрасниот има 91 година. Најголем број заболени, односно 35 (23,6%), се од возрасната група 30-39 години.

Коронавирусот во МакедонијаИзвор: Институтот за јавно здравје

Пол: Што се однесува до полот, распределбата е речиси рамномерна. Имено, регистрирани се 73 машки и 75 женски лица.

Место на живеење: Најмногу случаи има во Скопје (88), па следуваат Дебар (40), Куманово (8), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2) и Гостивар (1).

Коронавирусот во МакедонијаИзвор: Институтот за јавно здравје

Симптоми: Најчесто се регистрирани кашлица (68,6%), температура (62,9%), слабост (28,6%), болка во грло (25,7%), главоболка (24,8%) и треска (21,9%), а 43 лица се без изразени симптоми.

Број на направени тестови: Тестирани се вкупно 1.236 материјали од кои 776 во Институтот за јавно здравје, а 460 во „Жан Митрев“.

Коронавирусот во МакедонијаИзвор: Институтот за јавно здравје

Здравствени работници: Имаме 12 случаи на заболување меѓу здравствените работници.

Хоспитализација: Само 32 лица се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а 116 се на домашно лекување или во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Исход: Една пациентка беше излекувана и пуштена дома, 2 случаи завршија фатално, а преостануваат 145 активни случаи.

Статистика за изминатото деноноќие

Коронавирусот во Македонија

Денеска на пладне беше објавено дека има 12 нови случаи и тоа 7 од Скопје и 5 од Куманово. Половина од нив имале контакт со лице кај кое била утврдена дијагноза КОВИД-19 во државата.

Најголем дел од новите случаи припаѓаат во возрасната категорија 30-39 години, а во однос на полот, станува збор за 7 машки и 5 женски лица.

Четири од позитивните лица се хоспитализирани додека останатите се на домашно лекување.

Вкупно биле направени 232 тестови од кои 100 во „Жан Митрев“, а другите во Институтот за јавно здравје.

Tags
коронавирус
Македонија

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.