За првпат во Клиника Жан Митрев беше изведена процедурата позната како „Бесконтрастно коронарно стентирање“, која претставува примена на мапирање на коронарните артерии (coronary road mapping) со цел стентирање со употреба на минимално количество на контрастно средство.
Клиничката болница Жан Митрев е добитник на признанието за „придонес кон иновации и професионален пристап на клиниката како водечка дестинација за медицински туризам“ на годинешниот 56 -ти Меѓународен саем за туризам во Нови Сад, што се одржа од 27 до 29 ноември.