• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Меѓународни кардиоторакални експерти на симпозиум во Клиника Жан Митрев – европските клинички стандарди во пракса

26 јануари 2026, 12:36
  • cподели
Симпозиум во Клиника Жан Митрев

Со учество на врвни европски и регионални експерти, во Скопје се одржа меѓународниот симпозиум „Вoдичи во пракса“, во организација на Клиника Жан Митрев. Настанот ја потврди улогата на клиниката како современ медицински центар што активно придонесува кон унапредување на кардиоваскуларната медицина, не само во земјата, туку и пошироко во регионот.

Симпозиумот, реализиран во соработка со Центарот за срце и бели дробови при Универзитетскиот медицински центар од Лајден, Холандија, беше посветен на практичната примена на најновите европски ESC/EACTS клинички упатства во третманот на коронарната артериска болест и валвуларните срцеви заболувања. Преку целодневна научна програма, интерактивни мултидисциплинарни дискусии и презентација на сложени клинички случаи, беа отворени клучни прашања поврзани со современото донесување одлуки, персонализираниот пристап кон пациентите и интеграцијата на иновативните хируршки и интервенциски техники во секојдневната клиничка пракса.

Симпозиум во Клиника Жан Митрев

Како што во воведното обраќање истакна д-р Жан Митрев, повод за организирање на овој симпозиум е јубилејот40 години работа во медицината и направени 15 000 операции, но самиот симпозиум ја покажа пошироката вредност на ваквите меѓународни собири:

„Нашата цел тука e да се сретнеме со исклучително искусни и високо почитувани експерти во областа на нашата секојдневна работа за да се информираме, да видиме кои се актуелните новитети како и да го ажурираме нашето знаење за да видиме каде сме во сите овие околности. Нашата мисија е пациентите во оваа земја да имаат пристап до третман еднаков со оној во најдобрите европски центри. Како приватен клинички центар, свесни сме за одговорноста што ја носиме, не само да ги имплементираме најновите клинички упатства, туку и активно да инвестираме во едукација, соработка и развој на медицинската практика. Ваквите симпозиуми се доказ дека приватното здравство може да биде двигател на напредокот, стандардите и квалитетот во целокупниот здравствен систем“, истакна д-р Митрев.

Симпозиум во Клиника Жан Митрев

Според министерот за здравство да се биде домаќин на ваков симпозиум во нашата земја е многу важно за нашите професионални платформи и доживотното учење на домашните медицински експерти:

„Темата што денес се разгледува, вклучувајќи ги и последните упатства и најсовремената технологија што ја користиме за срцеви заболувања, дава одлична можност за размена на нови научни знаења, клиничкото искуство и терапија. Тоа е многу важен аспект на овој симпозиум, интерактивниот формат што овозможува отворена размена на искуства и соработка меѓу различни медицински експерти кои се тука со нас на овој симпозиум. Подобрување на клиничкото донесување одлуки за сите крајни цели за обезбедување побезбедна, висококвалитетна и поперсонализирана грижа за нашите пациенти во овој, да речеме, патоказ во здравствениот систем. Би сакал да ви се заблагодарам за вашата посветеност на медицинското образование и унапредувањето на оваа кардиоваскуларна медицина што е дел од темата на денешниот симпозиум“, истакна министерот Алиу.

Свои експертски согледувања споделија еминентни кардиохирурзи и кардиолози од реномирани институции како Медицинскиот универзитетски центар во Лајден и Амстердам, Универзитетот во Фрајбург во Германија,Институтот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“ од Белград, како и водечки меѓународни авторитети во областа на структурните срцеви интервенции и кардиохируршките иновации. На симпозиумот беа присутни иеминентни професионалци од областа од приватните и јавните здравствени установи во државата како и директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски. Присуството на овие експерти овозможи високо ниво на научна размена и директен увид во европските стандарди на третман.

Симпозиумот акредитиран од Лекарската комора на Северна Македонија, заврши со јасни заклучоци за потребата од понатамошно зајакнување на мултидисциплинарниот пристап, континуирана медицинска едукација и усогласување со највисоките европски стандарди во третманот на кардиоваскуларните заболувања.

Со вакви настани, Клиника Жан Митрев продолжува да ја гради својата улога како регионален центар на знаење, иновации и врвна медицинска експертиза.

Симпозиум во Клиника Жан Митрев
Симпозиум во Клиника Жан Митрев
Симпозиум во Клиника Жан Митрев
Симпозиум во Клиника Жан Митрев
Симпозиум во Клиника Жан Митрев
Tags
Клиника Жан Митрев

Најнови

  • Зимска бајка: Христина Пан пресреќна со трите ќеркички и сопругот на првиот роденден на малата Калија

    Mon, 01/26/2026 - 14:05
  • Симпозиум во Клиника Жан Митрев

    Меѓународни кардиоторакални експерти на симпозиум во Клиника Жан Митрев – европските клинички стандарди во пракса

    Mon, 01/26/2026 - 12:36
  • Милош Биковиќ на скијање со саканата и синчето: „Го оперирав коленото, не знаев дали ќе можам да скијам, но...“

    Mon, 01/26/2026 - 11:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.