Музиката вчера го исполни Нокиа театарот во Лос Анџелес, каде се одржа доделувањето на MTV VMA наградите. Најголем победник на вечерта беше Адел, која замина со вкупно 4 награди за спотот на „Rolling in the Deep“, а зад неа застана Кети Пери, која ја освои и наградата за најдобар спот.