Истражувачите тврдат дека пиењето кафе го подобрува мислењето кај жените кога се под стрес, но им го поматува помнењето на мажите и тие побавно донесуваат одлуки.
Ирското кафе е коктел од топло кафе, ирско виски, малку шеќер и слатка павлака. Не одзема многу време за приготвување, па набрзина можете да си го направите во домашни услови и да му се насладувате на богатиот вкус. Прочитајте како.
Шпански научници тврдат дека кафето има многу посилен ефект врз работата на мозокот ако се консумира во комбинација со шеќер. Ако не сте обожавател на кафе со шеќер, тогаш заедно со кафето каснете некое мало колаче и ќе бидете подготвени да се фрлите на работа.
Експертите отсекогаш биле поделени кога станува збор за тоа дали кафето е штетно за срцето или не. Ново истражување покажа дека умерената консумација на кафе ја подобрува еластичноста на крвните садови околу срцето и со тоа има позитивен ефект врз здравјето на срцето.
Милиони луѓе низ светот го започнуваат секој ден со чаша кафе. Кафето е еден од најпопуларните пијалоци и често е тема на различни истражувања со цел да се утврдат еднаш засекогаш ползите и ризиците кои ги носи. Прочитајте како кафето му помага и како може да му наштети на вашето здравје.
Резултатите од истражување кое опфаќало 34 514 учесници покажале дека умерената консумација на чај и кафе го намалува ризикот од срцев удар за една петтина.
Шведско истражување покажало дека жените што пијат варено кафе повеќе од 4 пати дневно се изложени на помал ризик од појава на рак на дојка, во споредба со жените што пијат варено кафе поретко од еднаш дневно.
Општоприфатено е дека кафето го помага утринското будење на мозокот, но британски научници сметаат дека стимулативниот ефект на кофеинот можеби е само илузија.