Филмските мајстори создаваат нешто во кое уживаме со сите сетила. Други мајстори создаваат предмет што ќе остане како трага од тоа мајсторство. Занаетот го препознава занаетот.
Новиот простор беше отворен по повод 30 години Божиновски, токму во градот каде што пред три децении започна да се создава приказната на брендот и каде што таа продолжува да живее и денес.
Настапот на Дина Јашари донесе свежина пред големиот концерт на Duran Duran, а нејзиниот изглед беше тивко заокружен со детали од Божиновски: Tissot PRX 25mm и TI SENTO Classic Zirconia Necklace.
Божиновски и Игор Стефановски – Иџе започнуваат партнерство што ги обединува две различни, но суштински блиски филозофии: врвна часовничарска прецизност и спортска извонредност.
По повеќе од 20 години еволуција, Longines го редефинира својот најпрепознатлив спортски модел, со нов дизајн, унапредена механика и јасна стратегиска насока под водство на новиот CEO, Patrick Aoun.
Колекцијата Lady Premier на Breitling беше претставена во амбиентот на Three Kitchen во Скопје, каде Божиновски Часовници и Накит организираше вечер посветена на стилот, личниот избор и современата женска енергија, како дел од одбележувањето на своето 30-годишно постоење.
Во претседателскиот апартман на Marriott Скопје, Божиновски организираше ексклузивен настан наменет за членовите на лојалната програма, создаден не за покажување, туку за доживување.