По повеќе од 20 години еволуција, Longines го редефинира својот најпрепознатлив спортски модел, со нов дизајн, унапредена механика и јасна стратегиска насока под водство на новиот CEO, Patrick Aoun.
Longines влегува во нова фаза од својот развој со претставувањето на редизајнираниот HydroConquest, модел кој повеќе од две децении претставува клучен столб на спортската колекција на брендот.
Новата генерација беше ексклузивно претставена во Виена, на настан за избрани партнери и медиуми, каде присуствуваше и тимот на Божиновски. По официјалниот global reveal на 26 март, моделот пристигнува и на македонскиот пазар.
Ова издание не е само нов производ.
Тоа е сигнал за новата визија на Longines.
„Секогаш бараме следен чекор. Прогресот е природен во нашата индустрија и токму затоа новите материјали, новите механизми и новите модели се дел од духот на elegance in motion,“ изјави CEO-то на Longines во Виена, Patrick Aoun.
„Денес е време да се движиме, да бидеме проактивни и да го фатиме моментот.“
НОВ ДИЗАЈН: ОД DIVER КОН СОВРЕМЕН LIFESTYLE ЧАСОВНИК
HydroConquest 2026 носи најзначаен редизајн досега, со почист визуелен јазик, порафинирани линии и поизбалансирана форма.
Керамичкиот ротационен прстен и новиот бројчаник ја намалуваат визуелната комплексност, додека часовникот добива посериозен, современ карактер.
Но клучната промена е во позиционирањето.
„HydroConquest не го гледаме повеќе само како diver watch. Да, има 300 метри водоотпорност, но пред сè тоа е часовник за секојдневен живот, за канцеларија, за состанок, за патување или за плажа,“ објаснува CEO-то.
„Тоа е робустен часовник, но истовремено и елегантен. И токму таа двојност е неговата сила.“
НОВА ДЕФИНИЦИЈА НА ЕЛЕГАНЦИЈА
Со новата генерација, Longines ја проширува својата основна вредност, а тоа е елеганцијата.
„Елеганцијата денес не значи само формалност или класичен стил. Таа е став, дел од секојдневниот живот,“ истакнува Patrick Aoun.
„HydroConquest е токму тоа, часовник што го следи вашиот lifestyle, без разлика каде сте.“
Оваа трансформација го позиционира моделот како day-to-night часовник, кој ги брише традиционалните граници помеѓу спортско и формално.
ТЕХНОЛОГИЈА: СИГУРНОСТ СО ЕВОЛУЦИЈА
Моделот работи со автоматскиот калибар L888.5, со околу 72 часа резервна енергија и подобрена отпорност на магнетизам.
Техничките карактеристики остануваат стабилни:
– 300m водоотпорност
– screw-down круна
– еднонасочен bezel
– sapphire crystal
Longines не ја менува основата.
Ја надградува.
СПОРТ И ЕЛЕГАНЦИЈА: КОНФЛИКТ ИЛИ СОЖИВОТ
Новата стратегија на брендот не ја брише линијата помеѓу спортско и формално, туку ја прави поприродна.
„Не мислам дека границите целосно исчезнале. Но постои силно преклопување. Денес спортски часовник може да се носи и во формален контекст,“ вели CEO-то.
„HydroConquest е токму пример за тоа, спортски часовник кој функционира и во сериозни ситуации.“
ТРАДИЦИЈА + ИНОВАЦИЈА: КЛУЧОТ НА НОВАТА ВИЗИЈА
Longines, основан во 1832 година, влегува во оваа нова фаза со јасна стратегија: да го задржи наследството, но да не остане заробен во него.
„Нашата историја е наш компас, не наша граница,“ објаснува Patrick Aoun CEO на LONGINES.
„Иновацијата и традицијата не се спротивности, тие се надополнуваат. Ние градиме врз нашето наследство, но секогаш со современа интерпретација.“
Токму оваа филозофија стои зад новиот HydroConquest – модел што е дизајниран да биде релевантен денес, но и да остане актуелен со години.
ПОВЕЌЕ ОД ЧАСОВНИК
Во основа, Longines не го продава само производот.
„Да, ние правиме механички часовници. Но она што навистина го нудиме се емоции, приказни и моменти,“ истакнува Aoun.
„Часовникот е придружник, нешто што останува со вас низ времето.“
ДОСТАПНОСТ
Новата колекција на Longines HydroConquest е веќе достапна во продажните салони на БОЖИНОВСКИ часовници & накит: Hydroconquest | Божиновски часовници и накит