„Таа е моја божица, моја кралица“: Јован од Тетово со моќен настап во IDJ Show посветен на мајка му која се изборила со рак
Јован Хаџиев одушевува со своите настапи во IDJ Show.
Во последното издание, младото момче од Тетово имаше моќен настап со песната „Мајко“ од Влатко Лозаноски кој ѝ го посвети на својата мајка која се има изборено со рак.
Додека тој го пееше крајниот дел од македонскиот хит, во позадина беа прикажани фотографии од него и неговата мајка Маја.
„Да, тоа е мојата мајка која ја видовте на фотографиите. Меѓутоа таа е за мене моја божица, моја кралица. Имаше една фотографија кога таа преживеа рак и фала му на Бог што ми ја спаси затоа што не знам што ќе можев без неа“ – изјави тој по настапот.
„Еве неколку фотографии кои ми значат повеќе отколку што можат да опишат илјада зборови… Фотографии кои будат спомени и ме враќаат низ времето. Ги подредив хронолошки, од најстарата до најновата, а на секоја од нив е таа – мојата една и единствена МАЈКА! ❤️
И по секој предизвик, по секоја пречка и по секоја борба што сме ја поминале заедно, повторно сме тука. Повторно стоиме исправени, продолжуваме напред, со уште поголема сила, уште поголема волја и верба дека заедно можеме да надминеме сè!
Затоа што, без разлика на сè, најважно е што сè уште се имаме едeн со друг...🫶🏻“ – напиша Јован на објавата каде сподели фотографии со мајка си.