Прекрасната изведба на познатиот трибјут бенд на Pink Floyd – Brit Floyd, „Божиновски часовници и накит“ ја овековечи со доделување на „Божиновски дијамант“ како круна на безвременската енергија која синоќа ја споделија со македонската публика.
Во прекрасниот амбиент во Македонска филхармонија, пријателите на „Божиновски часовници и накит“ имаа ексклузивна можност да се запознаат со новата колекција на часовници од врвниот бренд Omega.
Сузана Турунџиева, во улога на бренд амбасадор на „Божиновски часовници и накит“, потенцираше дека квалитетниот сервис е од суштинска важност за долговечноста на часовниците.