Фармацевтскиот гигант „Алкалоид“ го прослави 45-тиот роденден на својот мегапопуларен бренд Бекутан. Брендот, кој се роди во 1978 година, порасна многу генерации и продолжува да биде синоним за константен квалитет и традиција.
„Алкалоид“ АД Скопје склучи нов меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје во рамките на Програмата за развој на практикантство.
Новите лаборатории за контрола на квалитетот, истражување, развој и за регистрации се организирани на простор од 400 м², во производствениот сегмент за козметички производи на локалитетот во Ѓорче Петров.
Новата фабрика на „Алкалоид“ за производство на концентрати за хемодијализа, со потребните магацински простории за суровини, амбалажа и за готови производи, зафаќа површина од 2.600 м2.