• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Алкалоид“ АД Скопје реализираше повеќе заеднички хуманитарни активности со Црвен крст на Град Скопје

27 ноември 2023, 12:32
  • cподели

Одлучноста на компанијата и подготвеноста на сите вработени да им помогнат на оние на кои им е најпотребно се најголема потврда за улогата на „Алкалоид“ како општествено одговорна компанија. Компанијата во изминатиот период реализираше повеќе хуманитарни проекти организирани заедно со Црвен крст на Град Скопје, со социјалното претпријатие „Копче“ и со Институтот за трансфузиона медицина.

Хуманитарни акции од Алкалоид и Црвен крст Хуманитарни акции од Алкалоид и Црвен крст

Вработените на компанијата, како главни амбасадори на доброто дело, и овојпат несебично го дадоа својот придонес и се вклучија во сите хуманитарни акции на „Алкалоид“, доследно претставувајќи ги компаниската култура и посветеноста. Во духот на човековата солидарност, постигнати се одлични резултати во донаторските акции, на кои тие се особено горди: собран е речиси 1 тон донирана облека која не им е потребна, но која е зачувана и која сѐ уште може да се користи, и речиси 1 тон храна за подготовка на пакети со храна – донации наменети за ранливите категории и за социјално загрозените семејства, зада се помогне за полесно справување со секојдневните предизвици со кои се соочуваат. Особено радува продолжувањето на веќе воспоставената соработка со Црвен крст за крводарителски акции, која резултираше со собрани 340 единици крв во двете акции спроведени оваа година, бројка која зборува за големата мотивираност на вработените, но и за индивидуалната и за колективната општествена одговорност кои беа манифестирани преку чинот на крводарување.

Хуманитарни акции од Алкалоид и Црвен крст Хуманитарни акции од Алкалоид и Црвен крст

Зацврстувајќи го имиџот на партнер на општеството посветен на поттикнување значајни промени и на остварување позитивно влијание, „Алкалоид“ континуирано ги исполнува своите заложби за општествено одговорно однесување и преку конкретни проекти и позитивни примери ќе продолжи да дава активна поддршка за заеднички иницијативи кои имаат цел да ги поттикнат хуманоста и човековата солидарност, но и да ја унапредат колективната свест и одговорност спрема заедницата.

Хуманитарни акции од Алкалоид и Црвен крст Хуманитарни акции од Алкалоид и Црвен крст
Tags
Алкалоид

Најнови

  • Дами во црно: Каролина Гочева во шоуто на Цеца

    Tue, 02/24/2026 - 17:46
  • Лили Колинс и Одри Хепберн

    Лили Колинс ќе ја оживее незаборавната Одри Хепберн во филм за снимањето на „Појадок кај Тифани“

    Tue, 02/24/2026 - 16:45
  • Бред Пит со саканата Инес де Рамон пристигнаа во Грција

    Tue, 02/24/2026 - 14:42
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.