• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Делегација на романската Амбасада во посета на АЛКАЛОИД

24 октомври 2023, 12:30
  • cподели

Делегација на романската Амбасада во Скопје, предводена од Aмбасадорката Н.Е. Адела Моника Аксинте, оствари работна посета на АЛКАЛОИД АД Скопје.

Во своето воведно обраќање од официјалниот дел на средбата, Генералниот директор и Претседател на УО, г. Живко Мукаетов, ги претстави компанијата, нејзината основна дејност, производствените капацитети и програма, постигнатите резултати од работењето, како и континуираните вложувања низ годините, осврнувајќи се и на големиот број проекти во делот на општествената одговорност.

Делегација на романската Амбасада во посета на АЛКАЛОИД Делегација на романската Амбасада во посета на АЛКАЛОИД

Истакнувајќи ја главната стратешка определбана компанијата – глобализација на брендот АЛКАЛОИД – во рамките на средбата посебно беше нагласена важноста на извозните пласмани и на стабилната пазарна позиција. Ставајќи акцент врз извозот во Европската Унија, каде што компанијата пласира 21% од своето производство, Мукаетов ја истакна стратешката важност на романскиот пазар како еден од најбрзорастечките пазари на АЛКАЛОИД, каде што, по неколкугодишно присуство, во 2022 година компанијата регистрираше сопствено друштво во Букурешт. Во делот на остварените резултати на пазарот во Романија, консолидираните продажби од над 8,5 милиони евра, реализирани во првите три квартали од 2023 година, бележат раст од 63 % во споредба со истиот период лани.

Делегација на романската Амбасада во посета на АЛКАЛОИД Делегација на романската Амбасада во посета на АЛКАЛОИД

Компанијата е присутна со палетата на фармацевтски производи и на производи за хемодијализа. Водечки производ на АЛКАЛОИД на романскиот пазар е цефалоспоринскиот антибиотик „Панцеф“ (Цефиксим), кој во Романија има трговско име Xifia и кој емеѓу петте најпродавани водечки антибиотски брендови на тамошниот пазар. АЛКАЛОИД има долгогодишна и успешна стратешка соработка со романски компании, меѓу кои Terapia S.A. (дел од индиската Sun Pharma), како иMagnaPharm.

Членовите на делегацијата, предводени од амбасадорката Аксинте, при обиколката на производствените капацитети од сегментот фармација, имаа можност непосредно да се запознаат со високото ниво на подготвеност и на стручност на човечкиот кадар кој управува со процесите, како и со најсовремената опрема и со модерните услови за работа на Институтот за истражување и развој на АЛКАЛОИД.

Делегација на романската Амбасада во посета на АЛКАЛОИД Делегација на романската Амбасада во посета на АЛКАЛОИД Делегација на романската Амбасада во посета на АЛКАЛОИД
Tags
Алкалоид

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.