• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Таа последна седнува на масата...“ Емотивен текст за посебната улога на мајките во животот на децата

13 јули 2022, 09:14
  • cподели

Жаклин Ворен со емотивен текст ги разнежува мајките, истакнувајќи ја нивната посебна улога во животот на децата.

Креаторката на блогот „Mommys15Minutes“ објасни дека мајките постојано доцнат, но и покрај тоа, нивното име за децата е симбол за сè што е најдобро.

Мајка

Таа последна седнува на масата. Преокупирана е со тоа да се увери дека сите имаат сè што им е потребно.

Таа последна влегува во автомобилот. Ја бара загубената обувка и брза да ги подготви сите останати.

Честопати, таа е последна каде и да треба да се оди. Има добри намери, но се навикнува да доцни.

И покрај тоа, кога ќе ги прашаш нејзините деца кој е секогаш покрај нив, кој секогаш навива за нив, кој е нивното безбедно место...

Нејзиното име доаѓа прво.

Кога светот ќе погледне наоколу и ќе го забележи највлијателниот глас во животите на идната генерација...

Нејзиното име доаѓа прво.

Кога денот е тежок и нејзиното семејство има потреба од некој кој ќе слуша со сочувство и милост...

Нејзиното име доаѓа прво.

„Мама..“

Таа не е ни приближно совршена. Хаотична е и фрустрирана и клекната на колена го моли Бог да ѝ даде сила.

Таа постојано се исправува и продолжува. Продолжува да дава, а за возврат добива изобилство благослови.

Таа верува дека Бог ја избира правилната мајка за нејзините деца.

Нејзиното име доаѓа прво.

Мамичке, ти извршуваш одлична работа! Можеби денес нема да слушнеш „Благодарам“, но еден ден, ќе слушнеш!

Tags
мајка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.