• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Таа не замина, таа е покрај нас“: Три години без Марија Бунда, докторката која ја подигнуваше свеста за ракот на дојка

27 јули 2026, 10:35
  • cподели

Поминаа три години од смртта на докторката Марија Бунда Калпак, која со храброста да зборува отворено за борбата со ракот на дојка остави длабока трага кај илјадници луѓе.

На третата годишнина од нејзиното заминување, Соња Јованоска сподели емотивна порака во која потсети дека споменот за Марија никогаш нема да избледне.

„3 години тага, 3 години живеење во спомени. Па ајде да ги оживееме денес сите тие спомени, спомените на нашата Марија, на нејзината прекрасна насмевка, на нејзиниот ѕвонлив глас, на нејзиниот живот кој го сподели со нас.

Марија, како и сите наши драги кои физички нè напуштија, всушност е секогаш покрај нас.

Таа е ветерчето што дува и нè милува, дијамантскиот сјај врз снегот што маѓепсува, сончевата светлина што нè затоплува, нежниот есенски дожд што нè разладува, најсјајната ѕвезда што ја осветлува ноќта.

Таа не замина засекогаш, таа е покрај нас... 💞✨🦋“ - стои во објавата.

Иако ја загуби битката со ракот на дојка, мисијата на Марија да ја подигне свеста за ракот на дојка и важноста на превенцијата продолжува да живее.

Во 2021 година, таа јавно откри дека на само 28 години ѝ бил дијагностициран рак на дојка. Оттогаш, преку своите објави отворено зборуваше за својата борба, охрабрувајќи ги жените редовно да прават самопрегледи, да ги слушаат сигналите на своето тело и навреме да одат на прегледи.

„Ракот не бира пол, години и време“ – беше една од пораките кои најчесто ги повторуваше.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Marija B.Kalpak (@dr.marijabunda)

Марија не дозволи болеста да ја дефинира. Напротив, ја претвори својата лична битка во мисија да спаси што е можно повеќе животи. Во еден од своите постови порача:

„До сите девојки, жени: еднаш месечно правете си самопреглед. Ако нешто ова ме научи, тоа е дека треба да ги слушаме знаците на телото пред да биде предоцна.“

Покрај тоа што беше докторка, Марија беше сопруга, мајка на две деца и личност која преку својот Instagram профил ширеше позитивна енергија, надеж и љубов кон животот. Нејзиниот прекрасен глас допре до многумина.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Marija B.Kalpak (@dr.marijabunda)

По нејзината смрт, најблиските ја продолжија мисијата што ја започна. Во нејзина чест беше покрената иницијативата „Проверете си ги градите“, која преку профилот @m_checkyourboobs продолжува да ја едуцира јавноста за превенцијата, организира донаторски акции и обезбедува поддршка за жените кои се соочуваат со оваа болест.

Tags
Марија Бунда Калпак

Најнови

  • dm

    Уште поубава продавница на старо место: Реновирање на dm во Градски трговски центар (ГТЦ)

    Mon, 07/27/2026 - 11:57
  • Александар Тарабунов – Тара

    Тара ѝ даде нов живот на „Прва љубов“, песна која пред повеќе од 50 години ја отпеал татко му

    Mon, 07/27/2026 - 11:47
  • „Си заминавте како што се запознавте“: Трогателна објава за брачниот пар од БиХ кој загина планинарејќи на Елбрус

    Mon, 07/27/2026 - 11:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.