Првиот танц, венчавка со децата, насмевки... Свадбеното видео на д-р Злате Мехмедовиќ и адвокатката Маја Ристова
Пред еден месец, Злате Мехмедовиќ и неговата сакана Маја Ристова се заколнаа на вечна љубов во присуство на нивните две деца и најблиските.
Македонскиот доктор, кој моментално е директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација и успешната адвокатка споделија бајковито свадбено видео од најубавите моменти од нивниот голем ден.
Интимни кадри од венчавката, првиот танц, гламурозните декорации... се прикажуваат во видеото споделено на профилот на нивната ќеркичка Фрида.
Во описот стојат стихови од песната „You're Still the One“ од Шанаја Твејн:
„Погледни нè, види колку далеку стигнавме, љубов моја… Можеби одевме по подолг пат, но знаевме дека еден ден ќе стигнеме до целта. Велeа дека никогаш нема да успееме, но погледни нè сега, сè уште се држиме еден за друг, сè уште сме заедно и нашата љубов е силна.“ ❤️
Среќното четиричлено семејство по свадбата беше на патување во Барселона, од каде малата инфлуенсерка Фрида сподели неколку албуми со фотографии.