• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Рак на гради на 28 години? Да, тоа сум јас“: Македонска докторка преку својата сторија ја подигнува свеста за самопрегледувањето

18 март 2021, 11:55
  • cподели

Млада мајка на две дечиња ја сподели јавно својата сторија за да ја подигне свеста за ракот на дојка и да ја истакне важноста на редовните самопрегледи.

Македонската докторка Марија Бунда Калпак, што досега ни беше позната како докторката која ги прави најприродните усни, сега е во фокусот со борбата со рак на дојка. Таа храбро со два поста на Instagram објави дека веќе седум месеци се бори со рак и раскажа за моментот кога ја добила дијагнозата на 28-годишна возраст. Нејзиниот прв пост бил напишан два дена по втората операција направена во период од две недели.

View this post on Instagram

A post shared by Marija B.Kalpak, MD (@dr.marijabunda)

Рак на гради на 28 години? Да, тоа сум јас!

Не мислев дека мене ќе ми се случи, ниту пак, дека ова некогаш ќе го пишувам 2 дена после операција.. Упс не, 2-ра операција за 2 недели.

Поминаа 7 месеци од првичната дијагноза и сега имам храброст да ја споделам оваа приказна зошто знам дека може да помогне на многумина и да ја подигнеме заедно свеста за оваа превалена болест.

Јас лично бев до пеколот и назад... И сè уште сум на патот. Не, не беше сѐ лошо и сум благодарна и заради многуте добри работи што ми ги донесе ова патување. Не е завршено, продолжува и ќе продолжи цел живот. Сепак сум уверена дека животот ни носи само онолку колку што можеме да издржиме, а тоа ќе нè направи посилни.

Малку подоцна, Марија напиша уште еден текст за да раскаже повеќе за добивањето на страшната дијагноза.

ОК, ќе почнам од почеток. Како открив? Ден после сликава.

View this post on Instagram

A post shared by Marija B.Kalpak, MD (@dr.marijabunda)

После прекинот на доењето со моето второ дете, ми се појави „грутка“ во левата града – но навикната на дензни гради (сите мајки што доеле знаат) мислев дека не е ништо. Како и да е, отидов на преглед затоа што грутката се зголемуваше и почна да ме боли. Направив ехо кај доктор што нема да го споменувам и бев уверена дека сè е во ред. „Ова е само густо масно ткиво“.

Е тука е мојата најголема грешка што сликите од ехото не ги покажав на мајка ми. Мајка ми е инаку радиолог за гради во Англија и е ментор на специјализанти од Кембриџ. Не ѝ кажав за сето ова, дури по 2 месеци, кога навистина почна да се зголемува и сериозно се загрижив. Итно направивме магнет со контраст на дојка и тогаш ги слушнав најлошите зборови во 2020 година од мајка ми (ако мислите сте имале лоша година, размислете уште еднаш) – „Марија ова изгледа малигно“. После тоа веднаш направивме биопсија за да се одреди каков вид на карцином е – мојот беше Естроген позитивен, ХЕР негативен.

И тоа претставуваше почеток на најлошата недела во мојот живот – неверување, страв, обвинување.

Но, поуката од ова е:

Редовно правете си самопреглед. Ако забележите нешто (топче, грутче, болка, исцедок), веднаш одете на лекар. Како што знаете кај нас, а и секаде во светот, после 40-та година се прави скрининг секоја година со мамографија. Тоа е најлесниот и најевтиниот начин. Прегледот трае 5 минути и тоа е тоа.

Но, за сите нас пред таа возрасна група – златно правило – самопреглед и свесност за своето тело.

Прочитајте повеќе за самопреглед на дојките и рак на дојка.

Tags
Марија Бунда Калпак
рак на дојка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.