• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

СЗО треба да ги прифати алтернативите на цигарите за да спаси 100 милиони животи

26 септември 2025, 11:11
  • cподели

Светската здравствена организација (СЗО) треба да ги прифати помалку штетните алтернативи на цигарите за да спаси 100 милиони животи кои инаку би биле загубени од болести поврзани со пушењето, смета Дерек Јак, експерт за глобално здравје кој ја водеше иницијативата на СЗО, „Свет без тутун“, за време на развојот на Рамковната конвенција за контрола на тутунот. Јак беше претседател и основач на Фондацијата за свет без тутун.

Фото

Jак ги истакнува недостатоците на Рамковната конвенција на СЗО за контрола на тутунот (FCTC), за која верува дека не е во чекор со научниот и технолошкиот напредок. Тој укажува дека повеќе од 120 милиони луѓе ширум светот веќе се префрлиле на алтернативи како што се орални никотински производи, електронски цигари и уреди што го загреваат тутунот, барајќи начин да се оддалечат од традиционалните цигари. Доказите покажуваат дека овие алтернативи се поефикасни во престанокот со пушење во споредба со традиционалната заменска терапија за никотин.

- И покрај тоа, сегашниот систем на забрани, прохибиција и регулативи на Рамковната конвенција го поткопува пристапот до овие побезбедни алтернативи за милиони пушачи. Време е да се препознае нивниот потенцијал и да се даде приоритет на намалувањето на штетите - вели Jак.

Тој предлага долгорочен план од три точки за намалување на предвремените смртни случаи предизвикани од пушење, помеѓу 2025 и 2060 година:

  • Вклучување на намалување на штетите од пушење: Рамковната конвенција треба активно да промовира помалку штетни алтернативи, препознавајќи ја нивната улога во намалувањето на штетите.
  • Врамнотежена регулатива: Иако регулацијата е неопходна, таа не треба да ги задушува иновациите или да го ограничува пристапот до помалку штетни производи.
  • Политики засновани на наука: Владите мора да ги носат одлуките врз база на докази, охрабрувајќи независност и информиран избор.

- Не можеме да си дозволиме да чекаме да се случи чудо. СЗО мора брзо да се прилагоди на променливиот пејзаж на употребата на тутун и да прифати иновативни стратегии за заштита на јавното здравје - вели Јак.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.