• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Светска премиера на 10-та симфонија на Бетовен завршена од вештачка интелигенција

8 октомври 2021, 11:02
  • cподели
  • Пренос во живо 9 октомври, во 19 часот на MaxTV

На 9 октомври, 199 години по првите скици на Лудвиг ван Бетовен, ќе се одржи светска премиера на 10-тата симфонија - завршена со помош на вештачка интелигенција и тим меѓународни експерти. Настанот ќе се одржи на Телеком форумот во Бон, а ќе се прикажува преку директен пренос на: MaxTV, инфо канал бр. 7, дигиталниот билборд на Плоштад Македонија и www.telekom.mk/beethoven од 19 часот. По премиерата, изведбата ќе остане достапна за гледање на MaxTV.

Светска премиера

Под диригентската палка на Генералниот музички директор Дирк Кафтан, Оркестарот Бетовен ќе ја изведе светската премиера на 10-тата симфонија, но и 8-та симфонија на Бетовен. Ќе се одржи и интересна панел дискусија со експертиза интеракцијата помеѓу човекот и машината, а ќе се дискутира и дали машините се креативни и дали нивната работа може да се смета за уметност.Комбинацијата на човечка и машинска креативност ќе биде единствено и незаборавно искуство за сите.

Еден од главните моменти на вечерта ќе биде настапот на прочуениот оргулист Камерон Карпентер, којшто музички ќе го придружува Оркестарот Бетовен во Бон во текот на четвртиот став на 10-тата симфонија.

Историја на 10-тата симфонија

Непосредно пред неговата смрт, Бетовен започнал да работи на 10-тата симфонија, дело што останало недовршено. Под диригентската палка на доктор Матијас Редер, група експерти за вештачка интелигенција и музиколози ја развија „Бетовен АИ“, којашто го „разбира“ стилот на Бетовен.

Вештачката интелигенција не само што беше „нахранета“ со композициите на Бетовен и неговите белешки за 10-тата симфонија; во неа беа вметнати и дела од композитори и музичари коишто несомнено го инспирирале и извршиле влијание врз Бетовен во текот на неговиот живот, како што е Јохан Себастијан Бах. Заедно со експертите, алгоритмот го продолжи последното, незавршено дело на Бетовен. Композиторот Валтер Верзова и Оркестарот Бетовен од Бон ја претворија оваа нотација во жива композиција под диригентската палка на Дирк Кафтан.

Повеќе информации на: www.telekom.mk/beethoven

Комерцијален текст

Tags
Телеком

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.