„Светите места не се туристички реквизит“: Туристки во бикини се качуваа по потопената црква во Маврово, јавноста револтирана
Видео, во кое туристи во костими за капење се качуваат по потопената црква во Маврово, ја згрози јавноста.
Фотографии и снимка од случката објави Тони Чаловски на Facebook, за да апелира до надлежните и да укаже на несоодветното однесување на посетителите кон еден од препознатливите симболи на Маврово.
На снимките се гледаат туристки кои се качуваат на делови од храмот „Св. Никола“ во Мавровското Езеро.
Објавата предизвика бројни реакции, особено поради фактот што станува збор за свет објект кој со децении е под водите на езерото.
Чаловски во својот јавен апел ги повикува Општина Маврово и Ростуше, комуналните инспектори, полицијата, Националниот парк „Маврово“, надлежните институции за заштита на културното наследство, како и одговорните лица за храмот, да извршат увид и да утврдат дали со ваквото однесување се прекршени правила или прописи и дали е предизвикана каква било материјална штета.
„Светите места не се туристички реквизит. Тие се наше наследство и наша обврска е да ги заштитуваме“ - порачува тој.
Воедно, во апелот се нагласува дека проблемот не е во тоа од каде доаѓаат туристите, туку во почитувањето на местото кое го посетуваат, неговото духовно и културно значење и правилата за однесување.
Еве ја неговата објава во целост:
Споделете и репостирајте масовно и јавно во чест и заштита на ликот и делото на светецот
Свети Никола
Амин🚨 ЈАВЕН АПЕЛ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАВРОВО И РОСТУШЕ, КОМУНАЛНИТЕ ИНСПЕКТОРИ, ПОЛИЦИЈАТА И СИТЕ НАДЛЕЖНИ ИНСТИТУЦИИ
❗️ДАЛИ Е ОВА ДОЗВОЛЕНО И КОЈ ЌЕ ОДГОВАРА?
Фотографиите што ги објавувам се направени пред храмот „Св. Никола“ во Маврово, на место кое за нас претставува свет и духовен простор, а истовремено е дел од културното и туристичкото наследство на Маврово.
На фотографиите се гледаат туристи кои, според она што се гледа, пристигнуваат со комбиња и се качуваат директно на објектот на храмот, облечени несоодветно за црковен и свет простор.
Ова не е плажа, не е базен и не е место за вакво однесување.
🚨 Се поставува сериозно прашање: КАДЕ СЕ НАДЛЕЖНИТЕ СЛУЖБИ?
Дали има контрола на ваквото однесување?
Дали некој ги предупредува посетителите дека станува збор за црковен храм?
Дали постојат правила за пристап и однесување околу објектот?
Кој е одговорен за заштитата на објектот и неговото достоинство?
Не е проблемот што доаѓаат туристи од Германија, Холандија или од која било друга земја. Туристите се добредојдени. Но, секој посетител, без разлика од каде доаѓа, мора да го почитува местото што го посетува, неговата вера, култура, традиција и правила.
Она што е особено загрижувачко е што ваквото однесување може да доведе и до оштетување на самиот објект.
Затоа јавно барам од:
👉 Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше
👉 Комуналната инспекција
👉 Полициските службеници надлежни за подрачјето
👉 Управата на Националниот парк Маврово
👉 Надлежните институции за заштита на културното наследство
👉 И одговорните лица за самиот храмИТНО ДА СЕ ИЗВРШИ УВИД НА ЛИЦЕ МЕСТО И ДА СЕ УТВРДИ:
• кој го дозволил ваквото однесување;
• дали се прекршени прописи или правила за заштита на објектот;
• дали е направена материјална штета;
• кој е одговорен за контролата;
• и, доколку има основ, да бидат преземени соодветни санкции против сторителите.Не бараме ништо повеќе од она што треба да важи за секој граѓанин и секој турист: ПОЧИТУВАЊЕ НА СВЕТОТО МЕСТО И ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ.
Ако сакаме Маврово да биде сериозна и препознатлива туристичка дестинација, мора да имаме и ред, контрола и заштита на нашето културно и духовно наследство.
📢 Ги повикувам надлежните институции да не ја игнорираат оваа објава и јавно да информираат дали ќе преземат мерки.
Фотографиите се објавени со цел да се алармира јавноста и надлежните институции, а не за навредување на било кој турист.
Светите места не се туристички реквизит. Тие се наше наследство и наша обврска е да ги заштитуваме.
Препорака: објавава да се превземе и репостирa масовно јавно да се сподели и објави