• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Швеѓанка со забавни пораки на табла им мами насмевки на мајките

21 јули 2020, 08:26
  • cподели

Мајка на три деца со забавни текстови на табла го опишува мајчинството.

Ана Магнусен постојано си го зголемува бројот на обожаватели на Instagram благодарение на нејзината смисла за хумор и способноста да им измами насмевка на мајките.

Ана Магнусен

Пред да станам мајка не знаев дека одењето во WC насамо е толку голем луксуз.

Ана Магнусен

Куќата беше беспрекорна пред 4 години. Извини, ја пропушти.

Ана Магнусен

Ако еволуцијата навистина функционира, тогаш како мајките имаат само две раце...

Ана Магнусен

Драга свекрво, те молам не ми кажувај како да ги воспитувам моите деца. Живеам со едно од твоите и тој не е совршен...

Ана Магнусен

„Многу сум одморена“ – рече ниту една мајка, никогаш.

Ана Магнусен

Јас, му се јавувам на сопругот за да му кажам дека ги заспав сите три деца пред 19:30 часот – Победив.

Ана Магнусен

Синовите штотуку ми се заканија дека нема да ми зборуваат до крајот на денот. 3% сум навредена, а 97% се надевам дека ќе си стојат на зборот.

Ана Магнусен

Ги гледам сите оние мајки на Pinterest кои прават домашни тестенини од спанаќ. Јас седам тука и си велам: „Вчера се истуширав и ги одржав децата во живот“.

Ана Магнусен

Никој не ми кажа дека и јас ќе се вратам дома со пелени...

Ана Магнусен

Се сеќавате кога бевме бремени и си мислевме: „Не може да бидам поуморна од ова“... Ха ха ха помош!

Ана Магнусен

Породилно отсуство: Кога немаш појма кој ден е, но некако знаеш колку часа е старо твоето бебенце.

Ана Магнусен

Добрата вест е дека бебето спиеше цела ноќ. Лошата вест е дека моите дојки не спиеја...

Ана Магнусен

Не биди толку строга кон себе. Мајката во „E.T.“ имаше вонземјанин кој живееше во нејзината куќа со денови и не забележа.

Ана Магнусен

Кога сите доаѓаат да го видат бебето, кој ќе дојде да ја види мајката.

Ана Магнусен

6 месеци: Погодете кој спиеше цела вечер? Јас не, но се обложувам дека некој спиеше.

Ана Магнусен

Мама и Тато ме одржаа во живот точно три години, а не можат да одржат во живот растение ни два месеци.

Ана Магнусен

Не е тешко да се грижиш за децата. Тешко е да правиш што било друго додека се грижиш за децата.

Ана Магнусен

Испаѓа дека сите години во кои играв „Меморија“ како дете всушност само ме тренираа да спојувам чорапи како возрасна личност.

Ана Магнусен

„Мама, може да седам во мојата соба и тивко да си играм додека ти спиеш до 8 часот наутро“ – рече ниту едно мало дете никогаш.

Ана Магнусен

Моментот кога на бебето кое го доиш ќе му никнат заби и ќе си мислиш „Baby Shark do do do do do“.

Ана Магнусен

Пред да станам мајка не знаев дека ќе одлучувам што ќе облечам врз основа на тоа колку е достапни моите дојки.

Ана Магнусен

Сакав да бидам совршена мајка, но одбрав да бидам среќна наместо тоа.

Ана Магнусен

По 10 години бебето нема да се сеќава кој го држеше, но мајката засекогаш ќе се сеќава која ја држеше неа.

Ана Магнусен

Да бидеш мајка не е работа. Мајката никогаш не се пензионира.

Tags
мајка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.