• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Свадбено видео кое трогнува: Девојка се омажи за саканиот еден ден пред тој да ја изгуби битката со рак

28 јуни 2019, 12:00
  • cподели

Емотивната венчавка на Навар и Маја е невозможно да ве остави рамнодушни. 22-годишниот спортист се ожени со љубовта на неговиот живот непосредно пред да ја изгуби битката со рак на мозокот.

Свадбеното видео, кое ја следи интимната венчавка во двор, изобилува со емоции.

Снимката ги прикажува моментите кога младенците се подготвуваат за свадбата и си ветуваат дека ќе бидат партнери до крајот на животот, а по церемонијата, нивните блиски изведуваат традиционален хака танц.

Видео

На Навар му бил дијагностициран рак пред само 9 месеци, неколку недели по раѓањето на неговото прво дете со Маја. Здравствената состојба за кратко време му се влошила, но парот одлучил да ги искористи последните моменти заедно за да ја круниса љубовта со брак.

Маја сега е посветена да му ја исполни последната желба на Навар, односно да биде закопан во неговиот роден град. Таа со кратка порака побара помош на GoFundMe за неговото тело да биде пренесено од Австралија во Нов Зеланд и благодарение на многуте донации, веќе е блиску до потребната сума.

„Денес моето срце е тешко и тажно. Го изгубив мојот најдобар пријател, сопругот и таткото на нашиот син. Облеана сум со љубовта од пријателите и роднините. Ова е тешко време, но наоѓам сила и прибежиште во поддршката од сите. Тој остави трага во животите на многу луѓе и секогаш ќе биде во нашите сеќавања и ќе има специјално место во нашите срца“ - пишува таа.

Свадбата на Навар и Маја Свадбата на Навар и Маја Свадбата на Навар и Маја Свадбата на Навар и Маја Свадбата на Навар и Маја Свадбата на Навар и Маја Свадбата на Навар и Маја Свадбата на Навар и Маја Свадбата на Навар и Маја
Tags
стории
голема љубов

Најнови

  • Колумбијци ја отпеаја и отсвирија „Вечниот Бог“ на Божиќ, измамија многу комплименти

    Thu, 01/08/2026 - 14:17
  • Хороскоп

    Најсреќните денови во 2026 година според хороскопот за секој знак

    Thu, 01/08/2026 - 14:13
  • „Жал ми е за сè“: Анџелина Џоли трогната од дете од Палестина чија мајка беше убиена

    Thu, 01/08/2026 - 12:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.