• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Свадба без гости и со многу животни: Првите свадбени фотографии на Бинди Ирвин, ќерката на „ловецот на крокодили“

1 април 2020, 16:08
  • cподели

Бинди Ирвин и Чендлер Пауел се заколнаа на вечна љубов во „Australia Zoo“, зоолошката градина основана од семејството Ирвин во 1970 година.

21-годишната ќерка на ловецот на крокодили Стив Ирвин сподели дека се венчала со својот избраник пред тројца гости и многу животни.

На свадбата присуствувале нејзината мајка Тери, нејзиниот брат Роберт и најдобриот пријател на нејзиниот покоен татко.

Бинди Ирвин и Чендлер Пауел Бинди Ирвин и Чендлер Пауел

„Направивме мала церемонија и се омажив за мојот најдобар пријател. Нема зборови кои можат да опишат колку љубов и светлина има во моето срце сега. Го планиравме овој прекрасен ден речиси една година, но моравме да промениме сè, затоа што немавме гости на нашата свадба. Тоа беше многу тешка одлука, но важно е сите да се безбедни. Посакувавме нашите роднини и пријатели да можеа да бидат со нас, но убаво е што ќе можеме да споделиме фотографии и видеа.. Мама ми помогна да се подготвам, Роберт ме испрати до олтарот, Чендлер ми стана сопруг и заедно запаливме свеќа во спомен на Тато... До сите кои го читаат ова: чувајте се, одржувајте социјална дистанца и запомнете дека ЉУБОВТА ПОБЕДУВА!“ – сподели Бинди.

Бинди Ирвин и Чендлер Пауел

Младенците се запознаа во 2013 година, а се верија во јули минатата година.

Бинди Ирвин и Чендлер Пауел

Бинди е ќерка на љубителот на животни Стив Ирвин, кој почина по убод од риба раја на 44-годишна возраст.

Бинди Ирвин и Чендлер Пауел
Tags
Бинди Ирвин
Чендлер Пауел

Најнови

  • Колумбијци ја отпеаја и отсвирија „Вечниот Бог“ на Божиќ, измамија многу комплименти

    Thu, 01/08/2026 - 14:17
  • Хороскоп

    Најсреќните денови во 2026 година според хороскопот за секој знак

    Thu, 01/08/2026 - 14:13
  • „Жал ми е за сè“: Анџелина Џоли трогната од дете од Палестина чија мајка беше убиена

    Thu, 01/08/2026 - 12:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.