Сузана Гавазова жешките летни денови ги поминува во Барселона, каде ужива на семеен одмор заедно со ќерките Емили и Селена.
46-годишната македонска фолкерка сподели моменти од патувањето со своите следбеници на социјалните мрежи. На фотографиите може да се види како трите заедно ги посетуваат најпознатите знаменитости и уживаат во убавините на еден од најпосетуваните шпански градови.
Покрај семејните фотки, Гавазова објави и неколку кадри на кои позира во костими за капење.
Во неодамнешно интервју за Фемина, познатата пејачка зборуваше за вредностите кои сака да им ги пренесе на нејзините деца.
„На децата најмногу сакам да им пренесам почит, љубов и разбирање. Бидејќи растат во дом каде што се почитуваат различни вери, уште повеќе ми е важно да знаат што значи толеранција и искрена почит.“