• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Не ми е важно дали е совршена трпезата, туку дали има мир“: Велигденски во домот на Сузана Гавазова

9 април 2026, 10:00
  • cподели
Сузана Гавазова со семејството

Мирисот на тазе печен козињак, топлината на домот и детскиот џагор се најубавата најава за најголемиот христијански празник – Велигден. За Сузана Гавазова, овој ден е многу повеќе од само традиција. Пејачката која ја познаваме по моќниот глас и незапирливата сценска енергија, приватно е жена која среќата ја мери единствено со насмевките на своите најблиски. Затоа, овие мигови за Сузана, нејзиниот сопруг Јасмин и ќерките Емили и Селена, се време за враќање кон корените, но и за создавање нови, драгоцени спомени.

Во пресрет на празникот, познатата фолкерка ни ги отвора вратите на својот дом и за Фемина открива како изгледа нивната празнична трпеза, кои вредности се столбот на нивното семејство и зошто токму тие се нејзината најсигурна тврдина.

Сузана, како изгледа Велигден во вашиот дом? Што го прави овој празник посебен за вас и вашето семејство?

Најважно е што сме сите заедно, со љубов и почит

Велигден кај нас дома е нешто навистина посебно… тоа не е само празник, туку чувство што се гради денови однапред. Почнува со подготовките, со мирисот на кујната, со радоста кај децата. Утрото на Велигден има една тишина и убавина, како да знаеш дека денот носи благослов. За мене најважно е што сме сите заедно, со љубов и почит.

Сузана Гавазова со ќерките
Колку традицијата е присутна во вашиот начин на прославување? Дали се држите до обичаите што сте ги наследиле од вашите родители?

Традицијата кај нас има големо место. Јас сум така воспитана и природно ми доаѓа да ги продолжам обичаите што сум ги научила од моите родители. Ги почитувам тие моменти, првото црвено јајце во четврток, раното станување, подготовките… но, исто така, додаваме и нешто наше, нешто што сме го изградиле како семејство со Јасмин.

Кога станува збор за велигденската трпеза, што задолжително подготвувате и дали имате некое „тајно“ јадење по кое ве препознава семејството?

Кога станува збор за трпезата, секогаш има класика. Домашен леб, јагнешко, салати, пита… но сите знаат дека моето „специјално“ јадење е она што го подготвувам со многу љубов, секогаш има нешто мое, што сите го чекаат. Не е само вкусот, туку и начинот на кој го правам, со мерак.

Бојадисувањето јајца е еден од најубавите моменти. Како изгледа тој процес кај вас дома и дали имате омилена техника или боја?

Боењето јајца е еден од најубавите моменти. Секогаш првото јајце го бојам црвено, тоа ми е правило. Потоа доаѓа креативноста, децата сакаат разни бои, лепенки, шари… понекогаш правиме и природни бои. Се смееме, се шегуваме и кујната ни станува како мала работилница. А најубаво е кога ќе дојде моментот да се „чукнеме“ со јајцата.

Сузана Гавазова со ќерките
Сузана Гавазова со ќерките
Сузана Гавазова со ќерките
Дали децата се вклучени во подготовките и колку ви е важно тие да ја почувствуваат магијата на празникот?

Децата се секогаш вклучени, за мене тоа е најважно. Сакам да ја почувствуваат магијата, не само како нешто што се прави, туку како чувство. Да знаат зошто го правиме, да го паметат тоа време како топло и среќно. Кога ги гледам како се радуваат, како прашуваат, како учат, тогаш знам дека тоа што го правиме има вистинска вредност.

Колку верата игра улога во вашиот живот? Дали постите и како го доживувате постот, повеќе како духовен или како телесен предизвик?

Постот повеќе го доживувам како духовен процес

Верата кај мене има тивка, но многу силна улога. Не е нешто што го покажувам на глас, туку нешто што го носам во себе секој ден. Постам, но не секогаш цел пост. Постот за мене не е само воздржување од храна. Повеќе го доживувам како духовен процес, да се смириш, да простиш, да оттурнеш лоши мисли и да направиш простор за добро. Телесниот дел е само еден мал сегмент од сето тоа.

Дали практикувате да посетувате црква за Велигден и што за вас значи моментот „Христос воскресе“?

За Велигден, кога можеме, одиме во црква. Тој момент кога ќе се каже „Христос воскресе“ е нешто што не може лесно да се опише, има сила, има надеж, има светлина. Секогаш ме потсетува дека после секоја тешкотија доаѓа нешто добро, дека верата и љубовта победуваат.

Домот на Сузана Гавазова
Во време кога многу работи се сведуваат на формалност, како вие ја одржувате вистинската вредност и суштина на празникот?

Не ми е важно дали сè е совршено на трпезата, туку дали има мир во домот

Денес навистина многу работи се прават формално, но јас се трудам празникот да го задржам искрен. Не ми е важно дали сè е совршено на трпезата, туку дали има мир во домот, дали сме блиски, дали сме благодарни. Се обидувам да не дозволам суштината да се изгуби во надворешните работи.

Какви вредности се трудите да им пренесете на вашите деца преку прославувањето на Велигден?

На децата најмногу сакам да им пренесам почит, љубов и разбирање. Да научат дека празниците не се само за радост, туку и за заедништво, за да бидеме подобри луѓе. Бидејќи растат во дом каде што се почитуваат различни вери, уште повеќе ми е важно да знаат што значи толеранција и искрена почит.

Ќерките на Сузана Гавазова - Емили и Селена
Ќерките на Сузана Гавазова - Емили и Селена
И за крај, која е вашата велигденска порака до публиката – што е она што сите треба да го понесеме од овој празник?

Мојата велигденска порака е да си бидеме поблиски, да простуваме повеќе и да сакаме искрено

Мојата велигденска порака би била едноставна - да си бидеме поблиски, да простуваме повеќе и да сакаме искрено. Да не заборавиме дека најголемото богатство е мирот во душата и топлината во домот. Христос воскресе! Навистина воскресе, и нека таа светлина ја носиме во себе преку целата година.

Сузана Гавазова со сопругот и ќерките

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Сузана Гавазова

Најнови

  • Викторија Лоба

    Викторија Лоба го испроба виралниот тренд со масло за елегантни велигденски јајца

    Thu, 04/09/2026 - 19:20
  • dm рутини за нега на лице

    dm и козметологот Лепосава Анѓеловски откриваат рутини за нега на комбинирана, масна и сува кожа со Balea и alverde производи

    Thu, 04/09/2026 - 14:05
  • 14-годишната ќерка на Мики и Светлана Црнокрак со две други Македонки меѓу најубавите тинејџерки на Мис на Галаксијата

    Thu, 04/09/2026 - 14:02
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.