Стрии во бременоста? dm и Јасна Апостолски Николов, сертифициран едукатор за трудници, откриваат што треба да знаете
Бременоста е период исполнет со промени, а кожата е една од првите што ги чувствува. Токму затоа, во соработка со Јасна Апостолски Николов, дипл. мед. сестра, IBCLC меѓународен сертифициран консултант за доење и сертифициран едукатор за психофизичка подготовка на трудници, dm споделува корисни совети за нега на кожата и појавата на стрии во бременоста.
Според Јасна, стриите во бременоста се вообичаена појава и најчесто се јавуваат на стомакот, градите и горниот дел од бутовите, како резултат на растегнување на кожата и хормонални промени. Иако не се штетни и не предизвикуваат медицински проблем, кожата во овој период има потреба од дополнителна хидратација, нега и нежна масажа.
Како дел од секојдневната рутина за нега, dm и Јасна го препорачуваат alverde Mama Body Oil - масло специјално формулирано за идни мајки. Со органски екстракт од слез и богата мешавина од марула, органски арган и органско маслиново масло, ова масло ја храни кожата, помага во подобрување на нејзината еластичност и цврстина, ја смирува чувствителната кожа и го намалува чувството на затегнатост.
Редовната употреба на Alverde Mama Body Oil може да биде мал, но важен момент на грижа за себе во текот на бременоста. Нежната масажа на чувствителните делови, во комбинација со соодветна хидратација, правилна исхрана и доволен внес на течности, може да ѝ помогне на кожата да остане мека, негувана и подготвена за промените што следуваат.
Јасна посочува дека не постои специфичен третман кој целосно ги отстранува стриите, но редовната нега може да помогне кожата да се чувствува поудобно и попријатно во периодот на интензивни промени. Затоа е важно негата да започне навреме и да стане дел од секојдневната рутина, особено на местата каде што кожата најмногу се растегнува.
Покрај надворешната нега, важни се и секојдневните навики. Хидратацијата, внимателното следење на прирастот на телесната тежина и исхраната богата со хранливи материи кои ја поддржуваат еластичноста на кожата се дел од препораките што Јасна ги споделува со идните мајки.
Со внимателно избрани производи и редовна рутина, негата на кожата во бременоста може да стане нежен ритуал кој носи чувство на удобност, смиреност и поддршка. alverde Mama Body Oil е избор за идни мајки кои сакаат на својата кожа да ѝ подарат хранлива и нежна нега во секојдневните моменти на промена.