• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Дете

Страбизам – причини, симптоми, дијагноза и третман

29 јануари 2025, 16:12
  • cподели

Страбизам е состојба при која очите меѓусебно не се правилно насочени и немаат синхронизирана подвижност. Тоа обично вклучува недостаток на координација на очните мускули, што оневозможува насочување на погледот на двете очи во една иста точка, а со тоа и правилен вид.

Дете

За појава на страбизам има повеќе причини. Ризик фактори за појава на страбизам меѓу другото се: како поминала бременоста, дали имало проблеми при породувањето, развојот на бебето, прележаните болести и др. Генетските предиспозиции исто така може да бидат причина за страбизам. Доколку во семејството има страбизам, големи се можностите на појава на страбизам и кај другите членови. Една од главните причини за страбизам е намалениот вид (поради далекувидост или кратковидост, мрзливо око – амблиопија, вродена катаракта, или и други состојби на окото).

Како симптоми на страбизам може да се јават: губење на паралелната поставеност на очите, солзење и болки во очите, главоболки, двојно гледање, губење на тридимензионалниот вид, заматено гледање, вртење на главата или лицето на една страна. Некои типови на страбизам што се јавуваат кај бебињата и во детскиот период се лажни. Лажното кривење на очите е оптичка илузија која се појавува поради ширината на носот и очните капаци. За целосно дефинирање на оваа состојба задолжителен е очен преглед.

Дете

Постојат повеќе типови на страбизам кои се именуваат според правецот на кривење на окото: страбизам кон внатре (Езотропија), страбизам кон надвор (Егзотропија), страбизам кон горе (Хипертропија) и страбизам кон долу (Хипотропија). Постојат и некои посебни видови на страбизам како што е страбизам во поодминати години, кој настанува поради причини поврзани со нервите кои ги контролираат движењата на очите (невролошки проблем, повреда, дијабет, кардиоваскуларни заболувања, хипертензија, разни инфекции, тумори и др).

Дете

Страбизмот поврзан со рефрактивни проблеми (далекувидост, кратковидост астигматизам) може да се лекува на повеќе начини:

  • Очила – Некои типови на страбизам настануваат поради присуство на рефрактивна аномалија. Со користење на очила страбизмот го снемува. Кај овој тип доволно е користењето на очила.
  • Оклузија (затварање) – Оваа метода во лекувањето може да се користи и при мрзливост на окото.
  • Ортоптика – се применува и за подобрување на видот на двете очи и за стекнување на чувство за длабочина (бинокуларен и стереоскопски вид). Овие две функции овозможуваат паралелно држење на очите и се многу важни во нашето секојдневие. Тие ни овозможуваат да бидеме поуспешни при возење, играње кошарка, тенис и други спортови кои бараат временска синхронизација и прецизност.
  • Операција – Кај страбизмот од раѓање по правило нема потреба од очила и потребна е операција во рана фаза (од 6 месеци до 1 година). Поголемиот дел од кривењата се јавуваат помеѓу 2-3 годишна возраст и вообичаено се коригира со користење на очила. Сепак за страбизмот кој не се коригира и покрај користење на очила, потребна е хируршка интервенција. Се претпочита еден период на чекање од 6 до 8 месеци, но во овој период на чекање може да се примени BOTOX методата со цел намалување на двојното гледање.
  • Хируршки третман на страбизам – Операциите за страбизам кај деца се вршат под општа анестезија, кај возрасни е можно и само со локална анестезија. Основниот принцип на операција е намалување или зголемување на силата на мускулите кои ги движат очните булбуси.

Со раното дијагностицирање и лекување на страбизмот може да се спречи појавата на мрзливост на окото и да се овозможи тродимензионален вид. Поради ова, при појавата на сомнеж дека детето има страбизам, потребно е офталмолошки преглед и индивидуална проценка за терапевтски третман.

За да закажете термин кај специјалистите офталмолози во „Клиника Жан Митрев“, јавете се на: 02/3091-484

Жан Митрев

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.