• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Сторијата зад накитот на принцезата Кетрин наследен од принцезата Дијана

27 април 2026, 14:06
  • cподели

Принцезата Кетрин со префинет стил освојуваше за време на одбележувањето на Денот на Анзак во Лондон.

44-годишната припадничка на британското кралско семејство без принцот Вилијам присуствуваше на значајниот настан во чест на загинатите војници од Австралија и Нов Зеланд.

Облечена во елегантно тегет палто со нагласени раменици од модната куќа Живанши, дизајнирано од Сара Бартон, Кетрин го задржа својот препознатлив класичен стил. Целосниот стајлинг таа го надополни со темносини салонки и впечатлива шапка со машна од Џејн Тејлор.

Многумина посочија дека со креацијата Кетрин потсетува на изглед на принцезата Дијана од 1995 година.

Принцезата Дијана

Накитот на Кетрин привлече особено внимание. Принцезата носеше впечатлив ѓердан кој ѝ е подарок од Вилијам, а истиот го комбинираше со обетки кои ѝ припаѓале на покојната принцеза Дијана. 

Станува збор за сафирни обетки со дијаманти, дел од препознатливата колекција на Дијана, кои таа ги носеше во неколку историски моменти, вклучително и на гала-вечерата во Белата куќа во 1985 година, на која танцуваше со актерот Џон Траволта.

За овој момент, Траволта има изјавено: 

„Не знаев дека треба да танцувам со неа сè додека не стигнав таму. Таа го држеше тоа во тајност кога ме запозна. Не знаеше дека Ненси Реган сè уште не ми кажала дека тоа е планот, дека јас сум ‘принцот на вечерта’“.

Дијана ги носеше обетките и на Мет балот во 1996 година.

Tags
принцезата Кетрин

Најнови

  • Сторијата зад накитот на принцезата Кетрин наследен од принцезата Дијана

    Mon, 04/27/2026 - 14:06
  • Новак Ѓоковиќ се сретна со новинарот кој го расплака по освојувањето на олимписки медал: „Не го прави тоа уште еднаш“

    Mon, 04/27/2026 - 13:25
  • Ужас во Мексико: Свекрвата од љубомора ја уби снаата зашто ѝ го украла синот, моментот беше снимен на камера

    Mon, 04/27/2026 - 11:07
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.