Што се случува кога кокосот ќе стане дел од негата? dm има два Balea производи што го даваат одговорот
Кокосот е еден од оние мириси што веднаш нè асоцираат на лето, сонце и егзотични дестинации, а кога ќе стане дел од секојдневната рутина за нега, чувството на лето може да трае уште подолго. За сите љубители на неговата препознатлива слатка арома, во dm продавниците се достапни два производи од dm марката Balea кои ја комбинираат негата со неодолив мирис на кокос – Milky Kokos Sheet маската за лице и лосионот за тело со кокос и шеа путер.
Кога на кожата ѝ е потребна дополнителна доза хидратација, Balea Milky Kokos Sheet маската за лице нуди едноставен начин секојдневната нега да се претвори во момент за релаксација. Формулата е збогатена со хијалурон и кокосово млеко, кои интензивно ја хидрираат и негуваат кожата, оставајќи ја кадифено мека на допир. Хранливата формула придонесува и за ублажување на првите брчки, додека по употребата кожата може да изгледа понегувано и посјајно. Пријатниот мирис на кокос дополнително го надополнува моментот за релаксација додека маската делува, правејќи ја одличен избор за мал домашен ритуал за нега.
Кокосовото уживање продолжува и со негата на телото. Balea лосионот за тело со кокос и шеа путер е наменет за сува кожа и со својата богата 3-во-1 формула обезбедува интензивна нега и хидратација. Формулата комбинира екстракт од кокос, шеа путер и масло од семки од грозје и обезбедува до 72 часа хидратација, придонесувајќи кожата да биде свиленкасто мазна и негувана. И покрај богатата нега, текстурата лесно се нанесува и брзо се впива, оставајќи пријатно чувство на кожата. Мирисната комбинација од кокос и јасмин внесува дополнителна слатка и егзотична нота во секојдневната рутина. Лосионот има веганска формула, а подносливоста на кожата е дерматолошки потврдена.
Од интензивна хидратација на лицето со хијалурон и кокосово млеко до богата нега на телото со кокос, шеа путер и масло од семки од грозје – овие два производи од dm марката Balea се создадени за сите кои сакаат негата да ја надополнат со слаткиот, егзотичен мирис на кокос.