• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Што сè можете да купите во dm за само 55 денари? Овие „секогаш поволно“ производи ќе ве изненадат

3 септември 2026, 11:45
  • cподели

Колку производи за секојдневните потреби можете да најдете за 55 денари или помалку?

Во dm, концептот „Секогаш поволно“ значи долгорочно поволни цени, без потреба да чекате краткотрајни акции или специјални понуди. А овие четири производи од dm марките Balea, Denkmit и Dontodent покажуваат дека за некои од секојдневните потреби се доволни само 49 или 55 денари - а воедно ветуваат одличен германски квалитет.

За нега на косата, Balea шампонот против првут е достапен по цена од 55 денари. Наменет е за сува кожа на главата и кожа склона кон првут, а неговата формула помага нежно да се отстрани првутот и да се воспостави природната рамнотежа на кожата на главата. Со редовна употреба помага и во намалување на повторното создавање првут. Комплексот со витамин Б3 и провитамин Б5 ја негува косата, додека мирисот на нане остава освежувачко чувство. Формулата е веганска, не содржи силикони, а подносливоста на кожата е дерматолошки потврдена.

И еден од оние производи што секогаш добро доаѓаат во домот може да се најде за 55 денари. Denkmit средството за чистење со оцет е наменето за кујната и бањата, а концентрираната моќ на оцетната киселина помага во отстранување на наслагите од бигор и сапун. Може да се користи за кади, тушеви и плочки, на кои им го враќа сјајот, а зад себе остава свеж мирис на јаболко.

За 55 денари е достапен и Balea кремастиот гел за туширање со ванила и кокос – уште еден пример како производ за секојдневната рутина може да се вклопи во концептот „Секогаш поволно“. Комбинацијата на ванила и кокос внесува сладок, егзотичен мирис во секојдневното туширање.

А најниската цена меѓу овие четири предлози е 49 денари. Толку чини Dontodent антибактериската паста за заби со арома на билки и нане. Формулата со антибактериски цинк помага во заштитата од кариес, наслаги и создавање нов забен камен, а истовремено е нежна кон чувствителните непца. Аромата на билки и нане го заокружува секојдневното четкање со долготрајно чувство на свеж здив.

49 или 55 денари – четири различни производи за четири секојдневни потреби. Од шампон и гел за туширање, преку паста за заби, до средство за чистење на домот, овие производи покажуваат како изгледа „dm секогаш поволно“ во практика – производи што редовно ги користиме, по долгорочно поволни цени и германски квалитет.

Tags
dm

Најнови

  • Што сè можете да купите во dm за само 55 денари? Овие „секогаш поволно“ производи ќе ве изненадат

    Thu, 09/03/2026 - 11:45
  • Бура од емоции: Мајка го слуша срцето на ќерката во градите на момчето кое го прими по нејзината смрт

    Thu, 09/03/2026 - 11:26
  • Совршено усогласени во црно: Амал Клуни заводлива во припиена креација, Џорџ со Златен лав во Венеција

    Thu, 09/03/2026 - 10:56
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.