Секоја коса има своја приказна, а вистинската нега започнува од коренот и продолжува сè до врвовите. Без разлика дали станува збор за сува и оштетена коса, коса без сјај, непослушна коса или потреба од дополнителен волумен и заштита при стилизирање, во dm продавниците ве очекуваат повеќе од 500 производи за нега на коса и стилизирање, по секогаш поволни цени.
Со внимателно одбрани производи од dm марката Balea, секојдневната рутина за нега на коса станува едноставен и ефикасен чекор до поубав, негуван и здрав изглед. За коса која го изгубила својот сјај и виталност, Balea 5во1 спрејот за свиленкаст сјај на коса, достапен по цена од 119 денари, нуди нега за безживотна коса, ја смирува непослушната коса, го олеснува расчешлувањето и ја штити од топлина до 230 целзиусови степени. Формулата без силикони и нежниот мирис на праска придонесуваат косата повторно да изгледа мазно, свиленкасто и сјајно.
Balea Professional Keratin Repair шампонот, по цена од 109 денари, со формула збогатена со кератин и пептиди, нежно ја чисти косата, помага во зајакнување на влакното, придонесува за подобар квалитет на косата, го намалува кршењето и ѝ дава природен сјај. Формулата е без силикони и е наменета за сува, оштетена и кршлива коса на која ѝ е потребна секојдневна нега и обновување.
Негата продолжува и со Balea Professional Keratin Repair балсамот за коса, исто така достапен за 109 денари, кој со својата формула со кератин и пептиди ги пополнува оштетените делови на влакното, ја измазнува површината на косата, ја зајакнува нејзината структура, го намалува кршењето и овозможува полесно расчешлување. Резултатот е коса која изгледа помазна, помека и со свиленкаст сјај.
За поинтензивен третман, Balea Professional Keratin Repair маската за коса, која чини 239 денари, нуди дополнителна грижа за оштетена и кршлива коса. Нејзината формула со кератин и пептиди помага косата да добие природно убав сјај, а по само неколку минути таа изгледа негувано, посилно и повитално.
Секојдневното стилизирање со фен, преса или фигаро бара сигурна заштита, а Balea спрејот за заштита на косата од топлина, достапен за 165 денари, го овозможува токму тоа. Благодарение на својата двофазна формула, тој ја штити косата од температури до 220 целзиусови степени, а воедно и интензивно ја негува. Формулата со пантенол и протеини од ориз придонесува за еластичност, мекост и сјај, без присуство на силикони.
Во понудата за нега и стилизирање на коса во dm продавниците се достапни и производи од повеќе препознатливи брендови, меѓу кои Garnier, Ziaja, Gliss, Pantene, Syoss и многу други, по секогаш поволни цени, со што изборот станува уште побогат и прилагоден на различни потреби, навики и типови коса. Со повеќе од 500 производи за нега на коса и стилизирање, по секогаш поволни цени, вашата приказна за убава и негувана коса започнува токму во dm.