Што е мит, а што факт за исхраната на доилките? dm и „Бебелогија“ со практични совети од IBCLC консултант
Во период кога се одбележува Светската недела на доењето, темите поврзани со доењето, мајчиното здравје и поддршката на родителите повторно се во фокусот. Со цел проверените информации да бидат подостапни за идните и сегашните родители, dm и „Бебелогија“ објавуваат ново едукативно видео во рамки на серијалот „Среќни мајки, задоволни бебиња“, посветено на исхраната на доилките. Преку серијалот, стручни лица обработуваат теми поврзани со доењето и раното родителство, нудејќи практични совети и одговори на најчестите прашања и дилеми со кои се соочуваат мајките.
Во најновото видео, Јасна Апостолски-Николов, меѓународно сертифициран консултант за лактација (IBCLC), зборува за тоа каква треба да биде исхраната во периодот на доењето, колку течности е потребно да внесуваат мајките и кои се најчестите дилеми поврзани со секојдневните навики во овој период.
Периодот на доење носи бројни промени, а со нив и многу прашања поврзани со исхраната. Иако често постојат различни совети и препораки, најважно е исхраната да биде разновидна, избалансирана и богата со хранливи материи кои ќе ги задоволат потребите и на мајката и на бебето. Во видеото се објаснува дека во секојдневното мени е препорачливо да бидат застапени овошје и зеленчук, а во периодот на доење организмот има и зголемени енергетски потреби, поради што се препорачува дополнителен внес од околу 300 до 400 калории дневно во однос на вообичаената исхрана.
Покрај изборот на намирници, големо значење има и внесот на течности. Во текот на доењето се препорачува внес од 2 до 3 литри течности дневно, а во летните месеци, кога температурите се повисоки, оваа количина може да се зголеми и до 4 литри дневно. Видеото се осврнува и на неколку прашања што често ги поставуваат мајките, како што се изборот на морски плодови и консумирањето кафе. Апостолски-Николов посочува дека при изборот на морски плодови е потребна внимателност, додека една шолја кафе дневно е дозволена за доилките.
Серијалот „Среќни мајки, задоволни бебиња“ е дел од соработката меѓу dm и „Бебелогија“, чија цел е преку едукативни содржини да понуди проверени информации и стручни совети за теми поврзани со бременоста, доењето и раното родителство. На едноставен и разбирлив начин, видеата обработуваат теми што се дел од секојдневието на родителите и придонесуваат тие полесно да се информираат и да донесуваат одлуки засновани на проверени информации.
Покрај едукативните видеа, dm е дел и од програмата по повод Светската недела на доењето, која од 4 до 6 август се одржува во хотел „Мериот“ во Скопје. Во рамки на настанот се организираат предавања и интерактивни работилници посветени на доењето, лактацијата, исхраната и раното родителство, водени од домашни и меѓународни експерти. Како поддржувач на оваа иницијатива, dm е присутен со свој штанд, каде посетителите можат да се запознаат со производите од dm марките наменети за мајки и бебиња, а за сите присутни се обезбедени и пригодни подароци.
Со оваа соработка, dm продолжува да поддржува иницијативи што придонесуваат за едукација, информираност и поддршка на мајките, бебињата и нивните семејства, поттикнувајќи поголема грижа за здравјето и благосостојбата уште од најраните фази на родителството.