• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Што да се прави во петок вечер? Ноќен шопинг во Скопје Сити Мол е секогаш добра идеја!

29 јуни 2016, 10:02
  • cподели

Дојде времето од годината кога цените се спуштаат, што е, сликовито кажано, вистински празник за сите „шопингхоличари“. Токму затоа Скопје сити мол традиционалноим овозможува на своите потрошувачи групен ноќен шопинг со попустии подароци, кои го прават ова место најголем агрегат на среќни и насмеани лица.

Во Скопје сити мол потрошувачите ги очекуваат над 150 продавници, 6 ресторани и кафе-барови, 690 м2 простор за забава за најмалите, како и многу атрактивни понуди за целото семејство, кои гарантираат врвно искуство во пазарувањето.

Late Night Shopping

Шетајќи покрај 1,2 километри долгите излози, потрошувачите ќе уживаат во најдобрите летни понуди на некои од најдобрите локални и интернационални брендови.

Сите продавници в петок, на 1 јули ќе бидат отворени до 24 часот и ќе понудат попусти, подароци и бесплатни коктели за лојалните потрошувачи, кои ќе уживаат во пазарувањето со различни музички стилови изведени од нашите гаражни бендови и диџеи. Потрошувачите ќе можат во живо да ја следат продажбата и забавата и да се информираат за најдобрите зделки и парчиња облека директно од кабините за пробување.

Освен ова, викендот што следува, на 2 и 3 јули (сабота и недела), сите ќе можат да уживаат во истите попусти до 70%, во авантура низ омилените продавници и угостителски објекти, во стандардното работно време на Скопје Сити Мол.

Дополнително, на 1 јули за потрошувачите е организирана забавна игра Аукција со наддавање! Доволно е со фискалната сметка да се пријават на приземјето и да се борат за Samsung Galaxy 6, Samsung Galaxy ТАВ II, фрижидер, ТВ или машина за перење алишта, чија почетна цена е само 1 денар.

За повеќе информации за ноќниот шопинг, попустите и механизмот за учество во Аукцијата, посетете го следниот линк: http://skopjecitymall.mk/lns

Нема да негодуваме доколку оваа информација ја споделите и со вашите пријатели :)

Tags
Скопје Сити Мол
Skopje City Mall

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.