• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Сташа Божиновска, која преживеа сообраќајка во која изгуби двајца другари, со силна порака по смртта на Фросина

31 јануари 2025, 13:11
  • cподели

Смртта на Фросина Кулакова допре до сите и ги отвори старите рани на сите кои почувствувале слична неправда.

Сташа Божиновска, која и самата има преживеано ужасна сообраќајна несреќа во која изгуби двајца другари поради несовесен возач, објави силна порака полна со револт.

Младата Битолчанка постојано се залага да ја подигне свеста за ваквите убиства да не минуваат со минорни казни.

Сташа Божиновска

Општеството не ни се распаѓа, распаднато е одамна и жал ми е, отидено е во неповрат.

Не ми е јасно како овие луѓе одлучуваат за вакви смешни казни повторно и повторно.

Добро бе луѓе, немате фамилија која дома ве чека? Деца, партнери, внуци, пријатели? И тие преминуваат улици и секој еден од нас е Фросина.

Што мислите утрото кога го пиете првото кафе? Дека и утредента истото ќе го правите?

Сигурна сум дека и Фросина истото го мислела.

И јас тоа го мислев на 15.08.2020. За среќа сум имала среќа па некој месец подоцна ми се исполни мислата.

Но не и на Иван и на Милан.

Мислев дека вакви работи се случуваат само на филмовите, или на некој што не го ни познавам, каде мене? Немам таква судбина.

2020 и мене ми се случи. И двајца млади момчиња загинаа и никој нема да ги врати.

Ниту казна од 50 години не ги враќа, но 6 месеци условна казна носи други таму од каде што нема никогаш да се вратат.

Следеше медиумски бунт и апелација додели греотни 2 години.

2022 и се случи на Викторија, кога нема никаков пример дека животот ќе го одележиш во најпеколните простории и со очи нема да видиш никој жив и љубен.

Убиецот на Викторија кај и да е треба да излези од затвор, 3 години беше пресудата. Ќе се врати кај неговата фамилија, со неговите другари, во истите кафичи, како на факултет странство да заминал.

Сега, 2025 Фросина дојде на ред, девојче кое пред неа имаш е возбудлив живот, веќе достигнати успеси и амбиции за големи работи.

Поправен дом за убиец под дејство на алкохол, без возачка, со брзина од 130km/h каде е дозволено 50?

Па извинете на изразот ама се зае****** бе ало?

Екстремно сум изреволтирана, на секоја ваква несреќа ги доживувам истите чувства како пред 4 и пол години.

Не знам дали ви е јасно дека луѓе заминуваат, дека вистински нема да го испијат утрешното кафе, ни едно утро додека вие живеете и без никаква грижа на совест го пиете секој ден вашето утринско кафе.

На здравје да ви е.

Фросина, Викторија, Милан и Иван се секој еден од нас, од нашите пријатели и другари, браќа, сестри, деца..

Сочувство до фамилијата.

22-годишната Фросина беше прегазена на пешачки премин од 20-годишно момче во алкохолизирана состојба, кое немало ни возачка дозвола.

Фросина Кулакова

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.