• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

The Stars Symphony: Музички спектакл на стадион во Битола

3 јуни 2024, 12:19
  • cподели

Општина Битола се подготвува за незаборавен музички спектакл на 3 јули, кога ќе се одржи The Stars Symphony на градски стадион „Петар Милошевски“. Овој настан ќе го означи отворањето на Битолското културно лето - Битфест, и ќе биде вечер која долго ќе се памети.

The Stars Symphony

Владимир Димовски, како дел од организацискиот тим задолжен за музичкиот дел, нагласи дека очекува незаборавен настан. „Лично, не паметам кога последен пат имало концерт на стадион во Битола. Овој настан ќе биде првиот од ваков вид и ќе го отвори патот за идни музички и културни манифестации од светски ранг. Нашата цел е да ги поместиме границите за организирање настани во нашиот град и да покажеме дека Битола може да биде домаќин на спектакуларни случувања на светско ниво."

На настанот ќе настапат некои од најпознатите имиња на регионалната музичка сцена, за кои дополнителни информации ќе има во следните денови.

„Неодамнешниот концерт во спортската сала беше јасен показател дека нашиот народ сака ваков вид на настани. Имаше присутни од сите околни градови, што ни даде дополнителна мотивација и инспирација за организирање на концерт на стадион кој ќе биде поголем и ќе донесе народ од сите градови од Македонија," додаде Димовски.

Настанот е во организација на општина Битола и Камерен Оркестар ⋮IWConnect и се очекува техничката опрема, сцената, осветлувањето, и звукот да бидат на највисоко ниво. Покрај тоа, овој концерт ќе биде и прв од ваков вид кој ќе вклучи забава и за најмалата публика пред настанот, преку игра и музика, односно мини олимпијада која ќе биде организирана во соработка со ⋮IWConnect.

Во следните денови ќе следи информација за продажбата на билетите, како и за целосната програма на двата настани. Ве покануваме сите да бидете дел од овој спектакуларен настан на 3 јули. Заедно ќе создадеме моменти кои ќе ги славиме и за кои ќе зборуваме уште долго, изјави Владимир Димовски, Камерен Оркестар ⋮IWConnect

За повеќе информации и купување билети, посетете ги профилите на Камерен Оркестар на социјалните мрежи Facebook и Instagram.

Најнови

  • Низ град со Кики

    Посмела и визуелно моќна: „Низ град со Кики“ се враќа со нова сезона

    Sat, 11/22/2025 - 18:00
  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.