Српското кралско семејство објави радосна вест.
Принцот Александар, најмладиот син на принцот Александар Караѓорѓевиќ, се ожени со својата свршеница, докторката Весна (родена Јелиќ). Со ова, таа официјално станува дел од династијата Караѓорѓевиќ и ја добива титулата Н.В. Принцеза др. Весна од Србија.
Новата српска принцеза блескаше од среќа облечена во венчаница од Pronovias.
Како што се наведува во официјалното соопштение на Кралскиот дом, венчавката се одржала на 20 септември во местото Виљаманрике, во близина на Севиља, Шпанија, а присуствувале најблиските пријатели и членови на семејството.
„Целиот Кралски дом е исполнет со среќа, бидејќи мојот син и мојата снаа се венчаа и започнаа едно од најважните поглавја во животот, она во коешто „ние“ станува поважно од „јас“, во коешто сфаќаме дека сè е полесно и поубаво кога се споделува со животниот сопатник. Тогаш секоја радост е поголема, а секоја тешкотија е полесна“ – стои во изјавата на Караѓорѓевиќ.
Чинот на црковното венчавање го извршиле епископот топлички Петар и протојереј-ставрофор Душан Ердељ. Изборот на локацијата не бил случаен. Токму на тоа место се венчале и родителите на младоженецот, а таму се крстени и тој и неговиот брат-близнак, принцот наследник Филип.
Кумови на венчавката биле братот на младоженецот, принцот Филип, и братот на невестата, Александар Јелиќ.
Од семејството информираа дека не е организирана голема свеченост поради тековните чувствителни општествени околности во Србија, но дека прослава во земјата ќе се одржи во иднина.
