„Среќен роденден, принцу мој“: Перо Антиќ и Ружица Максимовска му го честитаа роденден на синот Павел
Средниот син на Перо Антиќ и неговата поранешна сопруга Ружица Максимовска денес го слави 14-тиот роденден.
На специјалниот ден на Павел, гордиот татко сподели заедничка фотографија со него и му напиша:
„Среќен роденден, принцу мој“.
Перо сподели и фотографија од времето кога Павел бил мал, потсетувајќи се на неговите детски денови.
Ружица го одбележа роденденот на синот на малку поинаков и забавен начин. Таа објави дел од нивната комуникација, а во меѓусебните пораки, Павел постојано бара нешто од неа и ја прашува за сè и сешто:
„Мамааа, до кај сте?“, „Мама, зошто?“, „Мама, до кај е јадењето? Мама? Мама?“
Покрај забавните дописки, таа сподели и фотографии „пред и потоа“ од Павел како бебе и како момче и напиша: „Официјално 14“.
Перо и Ружица се разведоа во 2019 година, по 13 години во брак. Покрај Павел, тие заедно ги имаат и синовите Лука и Петар.