• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Среќен роденден, наш најдобар“: Кирил Лазаров доби весела видео-честитка од КЛ7 за 40-тиот роденден

10 мај 2020, 15:34
  • cподели

Ракометната легенда Кирил Лазаров денес го слави 40-тиот роденден, а по тој повод, доби прекрасна честитка од неговите ракометари и соработници од школата „Кирил Лазаров 7“.

Најголемата ракометна фамилија сними преку 120 видеа за да му посака многу среќа и успеси на македонската спортска ѕвезда.

„Кога рекордерите се рекордери со години, тогаш се историја, тој е историја родена пред 40 години на денешен ден во Велес. Тргна од Свети Николе стигна до Нант, а некаде помеѓу му се оствари детскиот сон наречен Барселона. Тој не игра - тој живее ракомет.“

„Со неговиот ракометен сон живеат и 1.000 деца од школата за ракомет КЛ7 низ Македонија, кои преку видео пораки на капитенот на машката ракометна репрезентација и најдобриот ракометар роден во Македонија, Кирил Лазаров му го честитаа 40-тиот роденден.“

„Во видеото се и сите младински селекции на КЛ7, играчите од РК „Голден Арт КЛ7" и соработниците на Лазаров. Најголемата ракометна фамилија КЛ7 својата роденденска порака составена од преку 120 видеа ја завршува со зборовите: ‘СРЕЌЕН РОДЕНДЕН НАШ НАЈДОБАР, ТЕ САКА ТВОЈА КЛ7 ФАМИЛИЈА’“, стои во описот на честитката.

Покрај бројните онлајн честитки од фановите, Лазаров прими и честитка со љубов од својот син Благојче, кој сподели на Instagram нивна заедничка фотографија и порака: „Среќен роденден тато“.

Кирил Лазаров

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Петар Денковски

    Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“

    Sat, 12/13/2025 - 18:51
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.