Крштевка и прв роденден за Тадеј: Миро Кацаров запеа и танцуваше со сопругата на прославата за синчето
Миро Кацаров организираше прослава за првиот роденден и крштевката на синот Тадеј.
Познатиот македонски водител и неговата сопруга Ивана направија прекрасна забава за славеникот со најблиските роднини и пријатели.
На фотографиите и видеата објавени на Instagram, Ивана го држи во рацете слаткиот Тадеј, додека му ја пеат роденденската песна.
Ресторанот беше украсен со златно црвени детали и рози, а темата на роденденот беше познатиот цртан филм „Пилиќи“.
Поранешната репрезентативка изгледаше елегантно во светкаво тегет здолниште искомбинирано со бел топ.
Миро беше највесел на забавата, се фати и за микрофонот и испеа неколку песни, а ѝ ја посвети и „Кој да ти каже Ивана“ на својата сакана.
Брачната двојка заедно танцуваше на песната.
Пред прославата, тие беа во црква за крштевањето на малиот Тадеј.
„Син мој, цел живот Христа да те чува“ - напиша водителот на Instagram.
Во претходно интервју за Фемина, Ивана зборуваше за мајчинството и за иднината на своите деца кажа:
„Сакам да бидат и ги гледам како луѓе што ќе ги почитуваат традиционалните и фамилијарни вредности, луѓе кои утре нема да зависат од никого и кои ќе се наметнат интелектуално во нашето општество.“