• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

ДСУРЦ „Димитар Влахов“ – Скопје во меѓународниот проект „AAC-Inclusion“: Нови можности за комуникација и инклузивно образование

13 ноември 2026, 11:02
  • cподели

Со примена на современи пристапи и иновативни комуникациски алатки, ДСУРЦ „Димитар Влахов“ – Скопје продолжува да придонесува кон унапредување на инклузивното образование и создавање еднакви можности за сите ученици.


ДСУРЦ „Димитар Влахов“ – Скопје, како партнер во меѓународниот проект „AAC-Inclusion“, активно се вклучува во иницијатива насочена кон унапредување на комуникациските способности, образовната пристапност и социјалната вклученост на учениците со говорни и комуникациски тешкотии.

Основната цел на проектот е развој и примена на современи системи за алтернативна и аугментативна комуникација (ААК), кои претставуваат значајна поддршка за децата со комплексни комуникациски потреби. Преку овие пристапи се овозможува учениците полесно да ги изразуваат своите мисли, чувства, потреби и ставови, со што се поттикнуваат нивната самостојност, самодоверба и активно учество во образовниот и општествениот живот.

Во рамките на проектот се предвидени развој на повеќејазичен пакет со едукативни материјали и дигитални алатки, реализација на шест виртуелни модули за обука, како и практична примена на развиените ресурси во 18 образовни институции во земјите партнери. Планирано е преку обуките да бидат опфатени најмалку 500 наставници, стручни соработници и родители, со цел унапредување на нивните професионални знаења и практични компетенции.

Особено значајна компонента на проектот е зајакнувањето на соработката меѓу образовните институции, стручните лица и семејствата. Ваквиот пристап овозможува континуирана и индивидуализирана поддршка на учениците, како во училишната средина, така и во секојдневниот живот.

Преку своето учество во проектот, ДСУРЦ „Димитар Влахов“ – Скопје придонесува кон размена на меѓународни искуства, унапредување на професионалните компетенции на воспитно-образовниот кадар и развивање современи инклузивни практики. 

Оваа соработка претставува значаен чекор кон создавање пристапна и поддржувачка образовна средина, приспособена на индивидуалните способности и потреби на секој ученик.

Проектот „AAC-Inclusion“ ја потврдува важноста на комуникацијата како основно човеково право и ја истакнува заложбата за образование во кое секое дете има можност да се изрази, да биде разбрано и рамноправно да учествува.

Повеќе информации за проектот се достапни на официјалната веб-страница.
 

Најнови

  • ДСУРЦ „Димитар Влахов“ – Скопје во меѓународниот проект „AAC-Inclusion“: Нови можности за комуникација и инклузивно образование

    Fri, 11/13/2026 - 11:02
  • Среќен татко: Горан Папаз го прослави 39-тиот роденден покрај слатката тројка и сопругата Наташа

    Fri, 11/13/2026 - 09:37
  • Крштевка и прв роденден за Тадеј: Миро Кацаров запеа и танцуваше со сопругата на прославата за синчето

    Fri, 11/13/2026 - 09:31
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.