• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Срцето од темносино стана црвено: Во Македонија успешно оперирано новороденче со ретка и тешка вродена срцева маана

27 април 2026, 01:42
  • cподели
Бебе спасено во Клиника Жан Митрев

Во Клиника Жан Митрев успешно беше изведена итна животоспасувачка операција кај новороденче старо само неколку дена, транспортирано од Косово со специјализиран неонатален транспорт, во инкубатор и на механичка вентилација, поради сериозна и ретка вродена срцева маана.

Станува збор за d-TGA (транспозиција на големите артерии), комплексна срцева аномалија при која аортата и белодробната артерија се поставени на погрешни позиции уште во текот на феталниот развој. Поради тоа, циркулацијата се одвивала со мешана артериска и венска крв, со недоволна оксигенација на органите и изразена цијаноза, состојба позната како синдром на „сино бебе“.

По приемот во тешка состојба, бебето најпрво беше стабилизирано, по што беше изведена ургентна операција на отворено срце од кардиохируршкиот тим предводен од д-р Жан Митрев.

Бебе

Со успешната корекција и реконструкција на двете големи артерии, уште за време на самата операција беше видлива драматична промена: срцето од темносина боја ја доби својата природна црвена боја, а кожата на новороденчето здрава розова пребоеност, јасен знак за воспоставена нормална циркулација.

Следеше брзо постоперативно закрепнување. Само неколку дена подоцна, бебето дише самостојно, се храни и секој ден е сè поактивно.

„Иако дијагнозата звучи застрашувачки, важно е да се знае дека оваа состојба успешно се лекува со навремена интервенција и високо специјализирана грижа. Овој случај е уште една потврда за експертизата и посветеноста на нашиот тим и за можностите на современата детска кардиохирургија. На малиот борец му посакуваме здрав раст, правилен развој и живот без ограничувања“ - потенцираат од Клиника Жан Митрев.
 

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

Бебе родено во Клиника Жан Митрев
Tags
Клиника Жан Митрев

Најнови

  • Бебе спасено во Клиника Жан Митрев

    Срцето од темносино стана црвено: Во Македонија успешно оперирано новороденче со ретка и тешка вродена срцева маана

    Mon, 04/27/2026 - 01:42
  • Апел за помош за Ивана

    Времето е клучно: Апел за помош на Ивана, мајка на 7-годишно девојче која се соочува со карцином

    Sat, 04/25/2026 - 01:04
  • Средба во Алкалоид

    Црна Гора e традиционално важен стратешки пазар за „Алкалоид“

    Fri, 04/24/2026 - 19:27
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.