• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Музика

„Срце знае сè“: Младата Тамара Грујеска освојува со нова емотивна балада

28 мај 2026, 14:40
  • cподели

По блескавите настапи на детската Евровизија, Сан Ремо Јуниор и многуте освоени фестивали и престижни награди, Тамара Грујеска започнува ново музичко поглавје со емотивната балада „Срце знае сè“.

Песната е создадена за Тамара од две докажани музички имиња: пејачката Андријана Јаневска, која е автор на песната во делот на музиката и аранжманот, и еден од најплодните македонски текстописци Огнен Неделковски, кој се потруди да создаде емотивен и квалитетен љубовен текст.

15-годишната девојка зад себе има веќе три свои песни, како што се „Имам сила“, „Кажи ми кажи ми кој“, со која настапи на детската Евровизија во Франција, и „Само насмевни се“. Таа најави и други нови песни и настапи за оваа година, како и многубројни гостувања на интернационални музички фестивали каде што ќе ја претставува Македонија.

Tags
Тамара Грујеска

Најнови

  • Јован Јованов и Тони Зен

    18 години по култната „Итно ми требаш“, Јован Јованов и Тони Зен ја снимија „Уште ми требаш“

    Mon, 10/26/2026 - 11:14
  • Од венчавка на избори: Младенци од Србија отидоа да гласаат на денот на свадбата, добија аплауз и предност во редицата

    Mon, 10/26/2026 - 10:30
  • Мајли Сајрус ѝ ја избричи главата на обожавателка која се бори со рак на дојка: „Ќе ја пребродиш бурата“

    Mon, 10/26/2026 - 09:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.