• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Проблеми во врската

Спречете го раскинувањето

27 октомври 2009, 16:29
  • cподели

Во некои случаи раскинувањето е неизбежно, но многу често можете да направите многу за да не дојде до крај на вашата врска. Еве неколку совети.

Закрпено скршено срце
За да го избегнете раскинувањето, подобрете ја комуникацијата во вашата врска.
  1. Комуницирајте. Отсуството на ефективна комуникација е најчестата причина поради која се стигнува до разделба. Кога чувствувате дека се појавува проблем во вашата врска, првото нешто кое треба да го направите е да поразговарате со партнерот. Колку и мал да е проблемот, ако не разговарате, тој може да прерасне во причина за вашата разделба.
  2. Не го обвинувајте. Кога имате проблем, не треба веднаш да му се нафрлите него и да го обвинувате. Ако го нападнете обвинувајќи го, тогаш тој ќе започне да се заштитува и пред да разберете ќе бидете дел од силна караница. Започнете го разговорот мирно и кажете му каков е според вас проблемот. Почекајте ја неговата реакција и потоа заедно најдете решение.
  3. Не го навредувајте. Многу парови кога се караат, си кажуваат навредливи зборови. Некогаш може да се случи да кажете нешто што тој нема да може да ви го прости. Затоа, избегнувајте ги навредите, за да не направите од мала караница, голема разделба.
  4. Покажувајте му колку го сакате. Луѓето сакаат да чувствуваат дека се сакани, а мажите не се исклучок. Не си претпоставувајте дека тој знае дека го сакате и дека нема потреба да му го кажувате тоа. Често кажувајте му дека го сакате. Давајте му мали комплименти и правете му мали изненадувања.
  5. Забавувајте се. На секој му е потребна забава. Бидете инвентивни и не дозволувајте врската да ви заглави во монотонија. Ако сте пар, не значи само да одите на кино и во ресторан. Најдете некое забавно хоби, за промена излезете во дискотека или одете на непланирано патување.
  6. Не го лажете. Сите луѓе лажат понекогаш, но тоа не е изговор за да го лажите вашиот партнер. Секоја успешна врска се темели на доверба. Ако еднаш ја загубите довербата, многу тешко е потоа да си ја вратите. Не си дозволувајте една лага да ја уништи вашата врска.
Tags
љубовни проблеми
разделба
раскинување

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.