Научниците докажаа дека скршеното срце навистина предизвикува болка. Со помош на ново истражување тие откриле дека во мозокот се активираат истите области и кога некој е оставен од партнерот и кога чувствува болка предизвикана од силна топлина.
Истражување на списанието Elle покажало дека жените се посклони да ја прекинат врската ако се почувствуваат емотивно занемарени, отколку ако имаат лош секс.
Секоја разделба носи болка. Милиони низ светот поминале низ неа и сè уште нема некој универзален водич што ќе ви помогне лесно да го заборавите оној кој некогаш сте го сакале.