• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Спој на балетот и фолклорот: Стефанија Гаштарска грациозна во спотот за IDO European Championship 2026

14 август 2026, 11:57
  • cподели
Стефанија Гаштарска

„Skopje is calling!“ – со елеганцијата на балетот, ритамот на македонската традиција и препознатливите пејзажи на главниот град, објавено е промотивното видео за IDO European Championship 2026 во класичен балет, џез, модерен и современ танц.

Од 21 до 29 септември 2026 година, Скопје ќе биде домаќин на едно од најпрестижните танцови случувања во Европа. Повеќе од 3.000 врвни танчери од 26 европски земји ќе настапат во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, претворајќи го градот во голема сцена на талент, движење и врвна танцова уметност.

Под слоганот „Место каде што елеганцијата се среќава со традицијата“, првенството нема да ја претстави Македонија само како домаќин туку и како земја со богато културно наследство, автентичен ритам и приказна што заслужува да биде раскажана пред европската публика.

Токму тој спој е пренесен и во промотивното видео. Снимено на плоштадот „Македонија“ и во комплексот „Македонско село“, видеото создава впечатлива визуелна приказна во која грациозноста на класичниот балет се среќава со силата на македонскиот фолклор. Фолклорните елементи дополнително ја збогатуваат атмосферата и ја нагласуваат врската меѓу современиот танцов израз и традицијата што се пренесува низ генерациите.

Главната улога ја има Стефанија Гаштарска, првата македонска балерина што настапила на сцената на престижниот Болшој театар во Москва. Нејзината изведба го носи духот на претстојното првенство – елеганција, сила и македонска гордост.

Продуцент на видеото е Трајче Петковски, а прекрасните, безвременски кадри се дело на Ненад Смиљковиќ, кој внимателно ги доловува магијата на движењето и убавината на локациите во нашиот главен град. Видеото е проследено со музика од композиторот Александар Јовевски, чиј звук му дава дополнителна емотивна димензија на спојот меѓу балетот и македонското културно наследство.

Промотивното видео е снимено и објавено во пресрет на првенството, со цел европската публика да го запознае Скопје и да ја почувствува убавината на Македонија уште пред да пристигне.

Видео

По успешната организација на Светското првенство во хип-хоп во 2024 година, Македонија повторно ќе пречека илјадници танчери, тренери, судии и љубители на танцот.

„Пресреќни сме што Скопје повторно ќе биде центар на европската танцова сцена и што во нашиот град ќе пречекаме повеќе од 3.000 врвни танчери од 26 европски земји. Покрај културниот и спортскиот аспект на првенството, особено ни е важно што преку овој настан ја промовираме македонската традиција и вредностите на кои светот секогаш гледа со воодушевување кога ја посетува Македонија“, истакнуваат организаторите Трајче и Андријана Петковски од танцовото студио „Брејк а лег“.

Во текот на деветте натпреварувачки дена, Скопје ќе живее во ритамот на балетот, џезот и современиот танц, потврдувајќи дека Македонија може да биде значајна европска сцена за културата, уметноста и спортот.

Tags
Стефанија Гаштарска
IDO European Championship

Најнови

  • Наградна игра на Diamond Mall

    Голема наградна игра за третиот роденден на Diamond Mall – атрактивен автомобил е главната награда

    Fri, 08/14/2026 - 12:41
  • „Саваш Балдар“ од турската серија „Љубов и казна“ го очекува второто дете, сними фотосесија со бремената сопруга

    Fri, 08/14/2026 - 12:23
  • Стефанија Гаштарска

    Спој на балетот и фолклорот: Стефанија Гаштарска грациозна во спотот за IDO European Championship 2026

    Fri, 08/14/2026 - 11:57
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.