Спектакл во срцето на Милано: IQOS и Стефано Селети со импресивен универзум што ги буди сите сетила
Милано одново ја потврди својата легендарна репутација како престолнина на стилот и иновацијата. Градот кој отсекогаш бил симбол на естетика и авангарда, се претвори во глатко платно на кое се испиша една од највпечатливите приказни за креативноста во 2025 година.
Во монументалниот Pirelli Hangar Bicocca, под индустриските сводови што виделе безброј културни револуции, IQOS Curious X и италијанскиот уметник Стефано Селети создадоа уникатен универзум наречен „Sensorium Worlds“, место каде што технологијата се чувствува, уметноста се доживува, а љубопитноста е главен двигател.
На незаборавниот спектакл, повеќе од 4.000 гости од целиот свет тргнаа на сензуално патување низ боја, звук, светлина и емоција.
Магичен свет кој ги стимулира сетилата
Возбудените посетители како да влегуваа во вонземски паралелен свет. Секој агол, секоја светлосна проекција и секој звук беше дел од сетилна симфонија, внимателно режирана за да ги пробуди сите сетила. Се чекореше низ интерактивни простори, каде секое движење стануваше дел од уметничка композиција.
Светлината се лееше како течен златен поток, а боите пулсираа во ритам со музиката. И сето тоа под ритмите на Adriatique, швајцарското електронско дуо чија музика ја исполни просторијата со хипнотичка енергија и создаде амбиент кој преплетуваше сон и реалност.
Настанот ја означи кулминацијата на едногодишната глобална иницијатива IQOS Curious Minds, преку која Селети и тим од дваесет меѓународни уметници ја истражуваа границата меѓу технологијата и уметноста. Резултатот? Дела родени од љубопитност, храброст и постојана желба да се види светот од нов агол.
Овој производ не е без ризик, ослободува никотин кој предизвикува зависност. Само за полнолетни.
Создадени да отскокнат
Круна на вечерта без сомнение беше премиерата на лимитираната колекција IQOS ILUMA i x Seletti Limited Edition – спој на инженерската прецизност и иновацијата на IQOS со непредвидливиот артистички дух на Селети.
Со длабок мат финиш, златен зиг-заг потпис и рафинирани метални акценти, уредите од оваа колекција се симбол на смелост и дефинитивно не се создадени да се вклопат, туку да отскокнат.
Колекцијата ги вклучува двата карактеристични модела – IQOS ILUMA i PRIME x Seletti и IQOS ILUMA i x Seletti, достапни и во Македонија. Eстетски провокативни и сосема уникатни уреди кои веднаш фаќаат око и заслужуваат да се навратите со втор и трет и десетти... поглед.
А за оние што сакаат да го персонализираат своето искуство, аксесоарите со потпис на Seletti се како мали дела на уметност. Секој од нив додава слој карактер и ја слави индивидуалноста.
Овој производ не е без ризик, ослободува никотин кој предизвикува зависност. Само за полнолетни.
Овој производ не е без ризик, ослободува никотин кој предизвикува зависност. Само за полнолетни.
Овој производ не е без ризик, ослободува никотин кој предизвикува зависност. Само за полнолетни.
Љубопитност и креативност без граници
Во сржта на соработката меѓу IQOS и Селети лежи ЉУБОПИТНОСТА. IQOS ја претвора технологијата во подобра алтернатива за возрасните пушачи, додека Селети го трансформира секојдневието во спектакл. И токму таму настана магијата.
„Sensorium Worlds“ беше манифест за креативниот дух, повик да се гледа надвор од рамките и да се истражува непознатото. Настанот ја славеше смелоста да се предизвика здодевното „статус-кво“ и во уметноста, и во дизајнот, и во технологијата.
Највпечатливите моменти креваа врева на Instagram профилот iqos_mk. Посебен шарм на приказната донесоа и тројцата победници од програмата Follow The Gold, кои имаа привилегија лично да присуствуваат на овој глобален настан и да ја почувствуваат магијата одблизу.
Милано ќе остане врежано како поглавје на силен креативен импулс и визија за иднината. А до следното IQOS глобално искуство, едно е сигурно: љубопитноста не познава граници.
Овој производ не е без ризик, ослободува никотин кој предизвикува зависност. Само за полнолетни.
Промо.текст: mk.iqos.com